Thierry Mugler Angel Muse првиот гурмански мирис за жени со акорди на ветивер!
Брендот Thierry Mugler во 2016 година отвори ново поглавје во приказната за познатиот парфем Angel. Претставен како футуристичко-гурмански, новиот Angel Muse го комбинира слаткиот вкус на крем од лешник и дрвенестите акорди на ветиверот, создавајќи го првиот гурмански мирис за жени со акорди на ветивер.
Создава зависност од добри вибрации и ве повикува да го искористите секој момент од животот!
Angel Muse Eau de Toilette верзијата на мирисот се појави на крајот од 2017 година и како што пренесуваат од Clarins, новиот Angel Muse Eau de Toilette создава зависност од добри вибрации и ве повикува да го искористите секој момент од животот. Eau de Parfum верзијата од 2016 година е првиот нежно-гурмански парфем, додека новото издание е со дрвенесто-гурмански-овошни композиции. Горните ноти се опишани како светлосна експлозија на цитрусот и овошјето, срцето е дополнителна експлозија на слатките ароми, а базата создава магнетна експлозија на дрвенестите ноти.
Кај Angel Muse Eau de Toilette во горните ноти преовладува мандарината и маракујата, срцето е исполенето со крем лешник, додека базата е резервирана за акордите на ветивер.
Мирисот е достапен како Eau de Toilette од 50 и 100 мл.