- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Како кога врне дожд, а сонцето се уште сјае… Познато ви е тоа чувство? Ова е поинтензивно. Остава трага на мојата кожа, го презема моето тело и мислам дека ќе се случи нешто лудо.

Ме собори… Повторно… но тоа е сладок пад, како да знам дека после таков пад, сè ќе биде подобро… Со секое вдишување се повеќе го сакам Black Opium се повеќе и повеќе ја разбирам неговата слава…

Колку и да се борам да не потклекнам пред него, колку и да го избегнував, но многу пати тивко го посакував… Чекав цела оваа фама околу него да спласне, но тоа нема крај.

Морав да го пробам, да видам зошто е толку посебен, толку популарен…

За таква сила постои само едно име Black Opium. Модерно име за опасност, името Black Opium уште на прв момент ве тера да преземете ризик, кокетирање, поттик да се направи  нешто што не би смееле да го направите, тоа е чувство на копнеж и желба кое никогаш не завршува.

- Реклама -

Мирисот тешко е да се опише само преку името. Црната боја всушност не е боја туку контрадикторен концепт кој на личноста што ја носи и дава став „со мене нема шега“.

Шишенцето е она што го привлекува вниманието!

Шишенцето на Black Opium е она што го привлекува вниманието. Суптилната текстура на црната стаклена амбалажа е посебно искуство. Црниот сјај, со заводлив нежен праскаст “прозорец”, како создаден за посебни прилики, кога сакате да го имате она „ох-толку-посебно“ чувство.

Шејк на кафе и ванила!

А мирисот? Замислете шејк на кафе и ванила, во коj сте додале сочни парчиња на круша и сето тоа забиберено, а на врвот сте ставиле пачули и цвет од портокал како украсен декор. Ете така мириса Black Opium парфемот!

Мирисот предизвикува зависност исто како и првата голтка кафе, со привлечни бели цветови кои создаваат цела композиција. Поигрувајќи се со нескладноста меѓу горчливиот акорд на зрно кафе, состојка која никогаш досега не се користела во толкава мера за женски парфем и свежи бели цветови, Black Opium носи чувство на ентузијазам на граница на екстаза.

Совршена игра на сетилата!

Јас ги обожавам слатките и интензивни парфеми и овој едноставно ме остави без здив. Првично, се двоумев да го носам за дневно излегување, бидејќи мислев дека е премногу интензивен. Но, забележав дека тоа е само првите 10 минути по нанесувањето. По таа експлозија на мирисни ноти, станува суптилен, нежен, но сепак присутен. Она што особено ми се допаѓа за овој парфем е тоа што во текот на денот во интервали станува поинтензивен. Само што речиси заборавив дека го носам, повторно ме потсети! Мирисот е постојан и долготраен, со интервали од блага прикриеност до повторно малку поизразен. Совршена игра на сетилатата. Парфемот е идеален за секоја прилика поради аурата која не е прејака, но присутна во мера да ја зголеми самодовербата.

Сепак, опкружена со многу парфеми, Black Opium ме натераа да ја сфатам неговата сила. Вистинскиот мирис може да го зголеми вашето расположение, да ја зајакне вашата самодоверба.

Јa заслужува сета своја слава!

Black Opium е влезница за бекстејџ, карта за VIP случување, темнина осветлена со ѕвездата која се крие во него. Безвременски… Новото светло издание што го чекав!

Тој ja заслужува сета слава, го признавам тоа со тешко срце!!!