- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Yves Saint Laurent е лидер во областа на козметичките иновации, нуди конечно решение за жените низ целиот свет, исклучителна 24 часовна течна пудра со формула која го подобрува тенот, со бескомпромисно чувство на удобност и лесна текстура.

Непроменлива! YSL Le Teint Encre de Peau

Ексклузивна течна пудра со висока пигментација, постојана и после 24 часа, со непроменливо чувство на удобност. Le Teint Encre de Peau создава совршена симбиоза со кожата. Содржи комбинации од масла кои кога ќе се поврзат со кожата се претвораат во пигменти.

Со своето искуство овој пат YSL пронаоѓа формула составена од чисти пигменти кои кога се пренесуваат на лицето блескаат со здрав сјај и после неколку часа од нанесувањето.

Екстракт од калофила – Чувство на удобност! Му овозможува на тенот здрав сјај!

Оваа состојка ја има на Пацификот и уште е попозната како свето дрво кое е познато по своите хидратантни способности. Неговата масна киселина наликува на онаа која ја имаме во епидермисот. На тенот на кожата и овозможува здрав сјај.

- Реклама -

Резултати после 24 часа!

YSL Le Teint Encre de Peau со видливи резултати после 24 часа. Кожата на лицето станува мека и после нанесувањето изгледа изедначено, бојата се прилагодува на тенот, кожата е матирана.

Течната пудра се лизга на кожата, текстурата е лесна и имате чувство како да сте заборавиле дека сте ја нанеле, лесно се отстранува.

Уметноста на совршената пудра! Дизајн инспириран од архитектурата!

YSL инспирацијата ја пронајде во мастилото: тоа е приказна за уметноста на калиграфијата и рафинираните потези на пенкалото. YSL  ги напишал правилата за совршена пудра во согласност со начинот на живот на модерните жени.

Дизајнот на шишето е модерен и безвременски!

Дизајнот на шишето е модерен и безвременски. Долниот дел е изграден од  сатинирано стакло кое овозможува формулата да биде подобро зачувана, додека низ него е испишано логото на YSL.

Le Teint Encre de Peau е одличен потсетник на безвременската поговорка:

Модата избледува, но стилот е вечен…