Jean Paul Gaultier ја проширува својата Scandal мирисна линија со ново издание кое доаѓа по првиот Scandal од 2017 година и Scandal By Night од 2018 година. Новиот Scandal A Paris ќе понуди нова врста на гурманска приказна со акцент на мед, клучна мирисна нота на сите три Scandal изданија.
Гурманска приказна со акцент на мед!
Првото издание на мирисот Scandal е композиција на мед со пачули, пчелин восок и карамел, украсена со цветни ароми на гарденија и цвет од портокал. Scandal By Night е подлабока, слатка и малку потемна верзија на оригиналот, каде медот се комбинира со тонка, цреши и тубероза. Пачулито во композицијата сеуште е присутно, но делува како поддршка на слатко, цветното-овошно јадро.
Ултра женствен и полесен од претходникот!
Третиот во серијата на „скандали“ е Scandal A Paris, шик верзија со светли ноти. Клучната мирисна нота на мед во основата е надградена со букет од јасмин во срцето на мирисот, во комбинација со кадифена и сочна круша, која одново подарува цветно-овошен бленд врз медот. Мирисот е најавен како ултра женствен и полесен од неговиот претходник, а композицијата е потпишана од парфимерката Daphne Bugey.
Мирисот Scandal A Paris ќе биде достапен од средината на месец Април 2019 во шишенца од 30, 50 и 80 мл, како Eau de Toilette.
Irina Shayk – рекламно лице на новиот мирис!
Irina Shayk е заштитно лице за новата кампања, а во рекламното видео за третото издание на мирисната линија Scandal, руската убавица носи прекрасно црно сако.