- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Тенисерот и бизнисмен, René Lacoste, создал француски стил со модерна и перфектна привлечност. Денес, познатиот крокодил се уште ги симболизира вредностите на мажот кој го креираше самиот амблем: елеганција, фер игра и издржливост. Ова е тајната на Lacoste мажот: стил пред сè.

L’homme Lacoste Intense – Неговата издржливост и смелост се клучот за неговиот успех и харизма!

Машкиот мирис на брендот Lacoste – L’Homme Lacoste Intense е лансиран како поинтензивна верзија на оригиналниот L’Homme Lacoste од 2017 година.

Поинтензивната верзија на L’Homme Lacoste се издвојува со неговиот победнички темперамент. Тој знае дека и во животот, но и на теренот, сè е до ставот. Неговата издржливост и смелост се клучот за неговиот успех и харизма, изворот на неговата карактеристична заводлива моќ.

Мирис – интензивен и толку уникатен!

Дизајниран од мастер парфумерот Michel Girard, кој го создаде и иницијалниот мирис, L’Homme Lacoste Intense ја одржува оваа уникатна синергија од овошја, зачини и дрва, кои ги пролонгира со доза ветивер и cypriol.

- Реклама -

Искрен и великодушен, неговите горни ноти се составени од вкусна дуња и рабарбара, појачани со ноти на мандарина и портокал. Во срцевината на мирисот, зачините се соединуваат заедно со цел да создадат интензивен и енергетски коктел: вибрантен црн бибер, ѓумбир и јасмин, со доза бадем. Тука ја гледаме сета сила, ведрина и палавост кои го карактеризираат познатиот крокодил.

Нотите од основата се здружуваат и додаваат моќ и мажественост на мирисот. Доминантните ноти од кедрово дрво и akigala добиваат доза егзотичност која ја носат ванилата и килибарот. Корените од ветивер и cypriol додаваат екстра доза интензитет и заводливост, кои го прават L’Homme Lacoste Intense толку уникатен.

Шишенце – во мат сина боја ја нагласува силата на мирисот внатре!

Преземајќи ја формата на оригиналната креација, шишенцето овој пат е обоено во мат сина боја, која ја нагласува силата на мирисот внатре.

Кампања- огромно игралиште кое чека да биде припитомено и освоено!

L’Homme Lacoste Intense, со неговото држење и поглед, го пренесува овој непобедлив микс од самодоверба, елеганција и харизма кои го дефинираат. Кога ќе падне ноќта, градот се буди, огромно игралиште кое чека да биде припитомено и освоено.