- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Уште од неговото лансирање во 1992 година, златното пенкало Touche Éclat со магична формула и моќ на осветлување и истакнување на цртите на лицето само со неколку допири на кожата – стана легенда. Овој омилен производ на мејкап артистите означи пресвртница во шминкањето, станувајќи незаменлив мејкап производ од моментот кога беше претставен.

Нов Touche Éclat коректор за дополнителна покривност и блескав тен!

Touche Éclat Radiant Touch се користеше како осветлувач-illuminator за нагласување на цртите на лицето, осветлување и создавање на волумен на потемните области на лицето. Оваа сезона започнува ново поглавје на линијата Touche Éclat, со оглед на тоа што YSL Beauté претстави нови возбудливи изданија во рамките на оваа линија на производи, вклучувајќи го најновиот Touche Éclat High Cover, коректор за дополнителна покривност и блескав тен.

3 клучни придобивки!

Достапен е во 6 нијанси и благодарение на неговата формула совршено решение е за различни проблеми – да се прикријат темните дамки, лузни и темните кругови. Неговата формула носи 3 клучни придобивки:

- Реклама -

– природен сјај, благодарение на филерите и пигментите кои создаваат светлина и се рефлектираат во една посакувана насока,

– висока покривност и издржливост, со високи концентрации на пигменти,

– ги отстранува видливите знаци на замор благодарение на комбинацијата на витамин Е (антиоксиданско дејство), кофеин (ја стимулира микроциркулацијата) и екстракт од невен од Мароко, познат како златен цвет од YSL Beauté градината (смирувачко дејство).

Ова е идеален коректор кој гарантира голема покривност со природен изглед и блескав сјај“ – Tom Pecheux, глобален директор на YSL Beauté.

За новиот култен производ дизајниран е нов изглед!

Коректорот за блескав природен сјај лесно се нанесува со кликање на легендарното пенкало и не се размачкува благодарение на оптималната вискозност на течната текстура. Популарното златно пенкало сега е украсено со уникатна црна лента со што се разликува од претходникот.

Како да го користите!

Користете го под очите за да ги прикриете темните кругови, со тапкање и потоа размачкајте го со четка или со прсти. Можете да го нанесете на очните капаци, под шминката.