Паралелно со модната ревија Tom Ford SS19 одржана за време на New York Fashion Week, Tom Ford го претстави новиот парфем од својата ексклузивна и популарна Private Blend линија, наречен Tom Ford Lost Cherry.
Примамливо издание посветено на слатко-киселиот вкус на црешите!
Tom Ford Private Blend мирисната линија ќе биде збогатена со навистина примамливо издание посветено на слатко-киселиот вкус на црешите. Lost Cherry е нов гурманско-ориентален мирис украсен со цвеќиња и леплив ликер од вишна, интензивен и храбар.
Раскошен, предизвикувачки и ненаситен!
Новиот Lost Cherry е опишан со епитетите: раскошен, предизвикувачки и ненаситен, но најавен е како патување во некогаш забранетото.
Патување во некогаш забранетото!
Темата на забранетото се потпира на интерпретацијата на слатко-киселите плодови на црешата и контрастот помеѓу нејзиниот сјаен-полиран надворешен изглед – кој потсетува на бонбонче и раскошното месо кое се крие внатре. Цреша натопена во ликер на врвот од мирисната композиција, не води до цветното срце на турска роза и sambac јасмин. Мирисната основа е топла и ориентална, компонирана од смола и дрвенести акорди.
Tom Ford Lost Cherry е достапен во шишенца од 50 и 250 мл, како Eau de Parfum.