MAC Cosmetics конечно одлучи да лансира адвентски календар за убавина, преполн со убави, сјајни и неодоливи мејкап производи. 24 вратички со 24 изненадувања, адвентскиот календар на MAC ќе ви го направи уште поинтересно одбројувањето до Божик. Ако навистина силно го посакувате за себе или сакате да ги направите среќни вашите најсакани, за дополнително да ја разубавите претстојната празнична атмосфера, важно е да знаете дека календарот веќе е достапен.
Можете да го нарачате на официјалниот сајт на MAC, но иако цената е висока, важно е да се има на ум дека поповолно е да се набави овој календар полн со MAC производи, за разлика ако ги купувате овие производи одделно. А речиси сигурно е дека ќе ги посакате сите!
MAC адвентскиот календар ќе внесе повеќе радост во одбројувањето до Божиќните празници!
Овој бјути адвенски календар составен е од волшебна комбинација на производи кои совршено ќе го дополнат вашето катче за убавина и ќе ги задоволат сите ваши желби. Содржи 24 производи од MAC колекцијата на производи. Сите овие бјути производи од календарот ќе ви предизвикаат големо задоволство кога ќе ги пренесете во вашиот козметички несесер. Ова празнично издание од MAC е вистинско откритие и скапоцен камен за кој веќе владее голем интерес од љубителите на MAC производите од целиот свет.
5 клучни производи од бјути колекцијата на MAC!
Она што е одлично за овој календар е тоа што во него може да се пронајдат 5-те клучни производи, меѓу кои: Highlighting пудра, омилените Ruby Woo и Velvet Teddy кармини. Исто така ќе го пронајдете црниот Feline молив за очи, вештачките трепки In Extreme Dimension 3d, прајмерот Prep + Prime Natural Radiance, сјаевите за усни од празничната линија, како и сенки за очи во земјени нијанси кои ќе ја нагласат убавината на вашиот поглед и природен шарм. Во овој брилијантен календар кој носи радост, ќе пронајдете не само мини производи, но исто така производи во целосна големина што е повеќе од одлично.
Со адвентскиот календар на MAC, од ден за ден ќе откривате нови, прекрасни и возбудливи производи кои ќе ви го разубавуваат секој следен ден.