Annayake – Подарок од Истокот кон Западот!
Annayake ви открива – да се биде убава значи да се чувствувате поудобно со себе! Annayake во своите третмани за лице и неодоливи парфеми го претстави најдоброто од Истокот и Западот!
Официјална промоција во Македонија!
Традиционален јапонски концепт создаден за европската жена, тоа е приказната на овој престижен бренд кој ја доживеа својата официјалната промоција во Македонија, пред македонските блогери, ТВ лица и медиуми.
Гостите имаа можност накратко да се запознаат со историјата и предностите на Annayake, благодарение на претставничката брендот која допатува од Франција – Ms. Catherine Chaubeyre.
Мисија – третмани за посебни потреби за индивидуални недостатоци!
Брендот Annayake во Европа е лансиран во 1988 година. Најдобрите јапонски лаборатории истражуваа и разработуваа средства за нега на кожата на лицето и на телото специјално за европските клиенти.
Annayake ја прифати како своја мисијата да посвети внимание на жените и да им обезбеди соодветни и персонализирани решенија за нивната кожа, третмани за посебни потреби за индивидуални недостатоци.
Annayake спој на најдоброто од западната и од источната култура!
Името Annayake го содржи во себе она што е најдобро од западната и од источната култура. Инаку, првпат брендот Annayake е претставен во Франција, за потоа да постигне молскавичен успех во многу други земји.
Симболите на Annayake се 3-те елементи на јапонската градина: каменот, водата и лисјата. Негата која што ја нуди Annayake не само што е прекрасна, туку не остава ниту еден човек рамнодушен, дури ни кога станува збор за клиентите со најистенчен вкус.
Annayake e подарок од Јапонија за Западот – комбинација на последните технолошки достигнувања и илјада години стара јапонска традиција за убавина, тоа совршена комбинација на две култури која има зачудувачки и восхитувачки текстури, уникатен состав, хипоалергенска формула, создаден за сите типови на кожа.
Anabella Мериот место каде ќе го пронајдете овој луксузен бренд!
Линијата на Annayаке за нега кожа и парфемската линија е веќе достапна во луксузната парфимерија Anabella Мериот.