House of Luxe, нови револуционерни кармини од Bobbi Brown!
Сакате да се чувствувате моќно и впечатливо? Одберете ја вашата омилена боја од богатата палета на нијанси од фантастична линија на кармини House of Luxe од Bobbi Brown.
Bobbi Brown Cosmetics ја проширува колекцијата на кармини со нови формули и текстури. Опсегот на колекцијата започнува со култниот кармин на брендот Bobbi Brown, Luxe Lip Color сега дополнет со две нови изданија кои обезбедуваат вистинска моќност на пигментот. Luxe Liquid Lip Colors линија со високо сјаен завршеток и Luxe Matte Lip Color како трендовска линија со кадифен мат финиш.
Bobbi Brown Luxe Matte Lip Color
Luxe Matte Lip Color е доказ дека спротивностите се привлекуваат. Неочекуван парадокс – мазни и сјајни усни кои имаат мат финиш. Карминот кој се пробива на врвот благодарение на своите карактеристики, ексклузива на Bobbi Brown!
Се нанесува со еден потег, со лесно движење, благодарение на прашкастите пигменти и интензивната боја која трае до 12 часа.
Конечно можете да го имате изгледот што го посакувате, мазен финиш и ефект на свиленкасти усни. Крајната формула е комплетирана со лесен восок кој се топи на усните и боја која трае во текот на целиот ден.
Bobbi Brown Luxe Liquid Lip High Shine
Luxe Liquid Lip High Shine течен кармин со забележлив сјај, носи чувство на леснотија на усните. Оваа формула содржи 3-D пигменти кои ги навлажнуваат усните и даваат прозрачен сјај за богат и впечатлив изглед.
Bobbi Brown Luxe Liquid Lip Velvet Matte
Luxe Liquid Lip Velvet Matte течен кармин кој овозможува мек, удобен мат финиш создавајќи луксузна формула. Прашкасти пигменти добиени од природни глинени материјали, измешани со екстракт од диво манго кое е познато по своите омекнувачки својства, за кремаста и мазна апликација која се суши и се добива мат финиш во траење до 12 часа.