- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ви успеа да пронајдете слободен термин кај вашиот омилен професионален шминкер, кој секогаш е презафатен! Вашата свечена прилика се ближи и вие со нетрпение чекате да се препуштите на магичните четки на мејкап уметникот?

Пред да одите на вашиот закажан термин најдобро е да се подготвите, со цел да добиете најдобар резултат, а јас ќе ви го пренесам она што мејкап артистите го советуват да го направите пред доаѓањето на професионално шминкање.

Професионалните шминкери советуваат како да се подготвите пред да дојдете на закажаниот термин, за да се поштедите од непотребно губење на време, но на крај да бидете задоволни од посакуваниот мејкап изглед!

Како да се подготвите за одење кај професионален шминкер! Што треба на направите!

Прво и основно – не каснете!

Покрај тоа што е непристојно, со вашето каснење го реметите распоредот на вашиот професионален шминкер за тој ден, кој веројатно е резервиран до последен момент. Почитувајте го туѓото време, исто како што другите го почитуваат вашето.

- Реклама -

Со себе понесете фотографија од мејкап изгледот што го посакувате!

Ако имате посебни желби и јасна визија за тоа како сакате да бидете нашминкани за свечена пригода, слободно донесете слики од мејкап изгледот, кои ги има толку многу на интернет. Ова ќе помогне на вашиот професионален шминкер да му го покажете правецот што го замислувате.

Имајте на ум дека секој мејкап изглед не одговара на секоја форма на лице, возраст или подтон на кожата. Професионалецот ќе знае како да го препознае ова и соодветно ќе ве советува.

Друга опција е да се препуштите во рацете на професионалниот мејкап артист и неговата креација, ако веќе немате идеја за мејкап изглед.

Хидрирајте се од внатре!

Вашата кожа најубава е кога е хидрирана, затоа неколку дена пред посебната прилика и закажаниот термин за шминкање, внесувајте поголеми количини на вода во организмот, за да постигнете ефект на хидрирање на кожата од внатре. Мејкап артистите велат дека ова звучи чудно, но верувајте им, знаат што зборуваат!

Вашето лице ќе изгледа помеко, пудрата полесно ќе се лепи на кожата и шминка целосно ќе биде поубава!

Депилирајте ги надусниците барем 4 дена порано!

Досаден непријател на секоја жена секако се надусниците – тенките влакна кои растат над усните. Затоа депилирајте ги барем 3-4 дена пред терминот за шминкање, со цел кожата да се смири од појавата на црвенило и иритација.

Средени, оформени веѓи – неколку дена порано!

На шминкање препорачливо е да се дојде со средени, оформени веѓи од две причини: за да си заштедите време себеси и на шминкерот, но исто така кожата да има време да се смири по третманот со пинцета.

Пилинг на лицето ден пред шминкањето!

За да ја направите кожата мазна за шминкање, неопходно е да се ослободите од мртвите клетки на кожата, бидејќи секоја пудра тие неправилности ќе ги потенцира. Затоа, во пресрет на закажаната шминка направете пилинг на лицето, со препарат што веќе го користите.

На ден пред свечената прилика не е време да пробате нов пилинг поради потенцијалните реакции на кожата на нов производ.

Одете на шминкање со чисто лице!

Препорачливо е на шминкање да одете со чисто лице, што значи без шминка. Ова ќе му заштеди време на шминкерот, да не мора да ја отстранува вашата шминка, а ќе ја минимизирате можноста вашата кожа и очите да се зацрвенат поради иритација.

Измијте го лицето пред закажаниот термин и нанесете добар навлажнувачки крем барем еден час пред шминкањето, за да може кремот да се впие во кожата.

Избегнувајте алкохол и кофеин пред шминкањето!

Алкохолот ќе ја дехидрира вашата кожа и пудрата нема да изгледа добро на вашето лице. Кофеинот ќе делува слично, така да пред шминкање избегнувајте ги овие пијалаци, но исто така и тешка и зачинета храна, затоа што последиците се гледаат на кожата.