Парфемите се најчесто подарувани и посакувани подароци, без оглед на тоа дали се работи за празник, роденден или друга свечена прилика. Моќта на мирисот добро е позната и секоја жена ќе се согласи дека само неколку волшебни капки позади увото или на зглобот се доволни во еден момент да го поправат дури и „најтмурниот“ ден. Само една мирисна нота многу брзо може да ги разбуди спомените или сеќавањата на некои драги луѓе, моменти и настани што се поврзани со нив.
Размислувате за тоа како да ја изненадите вашата драга личност?
Парфемот е идеален подарок за Нова година и Божиќ, бидејќи тешко е да се одолее на убавите шишенца и прекрасните пакувања. Парфемот е најпосакуван подарок бидејќи неговите мирисни ароми траат подолго од празниците, затоа вашата драга личност ќе се сеќава на вас долго време. За вас издвоив 20 прекрасни мириси кои ќе ги зачинат ладните денови.
Само најдобрите парфеми за неа!
Ако го погодите вистинскиот мирис парфемот е еден од најубавите подароци што можат да се најдат под новогодишната елка. Пред да одите во потрага по совршениот, вреди да размислите за неколку работи. Размислете за личноста и карактерот на лицето на кое и подарувате парфем. Исто како луѓето и парфемите имаат свој карактер! На темпераментните жени сигурно повеќе ќе им одговараат поинтензивните ориентални парфеми со дрвенести ноти. Срамежливите и ненаметливи цветни мириси одговараат за романтични души.
Но ако купите подарок за лице за кое не знаете премногу, обрнете внимание на името на парфемот. Некои имиња како „Love Affair“ може да се разберат двосмислено или премногу „интимно“. Во такви ситуации играјте на сигурно!