Kim Kardashian и Kylie Jenner ќе ја претставија колекцијата на мириси на брендот Kim Kardashian KKW Fragrance. Новите мириси ќе бидат достапни во шишенца во облик на усни во три бои: розова, црвена и нуд. Kylie досега има претставено колекција на облека заедно со нејзината сестра – „Kendall & Kylie“, а потоа ја промовираше својата колекција на шминка Kylie Lip Kits која ја преименува во Kylie Cosmetics. Во март 2019 година, магазинот „Forbs“ ја прогласи за најмлада милијардерка во светот.
Kylie Jenner by KKW Fragrance Red Lips
Мирисната креација на новиот мирис Red Lips нуди опоен цветен букет кој ги одразува црвените секси усни, мирис кој е динамизиран со интензивни и сочни ноти на црвен портокал. Во отворањето на мирисната композиција доминираат црвен портокал и црвен лотос кои со своите бујни и енергични ароми ги доведуваат до израз црвената гарденија и егзотичниот ylang. Со своите сензуални и топли нијанси, килибарот се комбинира со свиленкастата текстура на зрно од ванила, црвен кедар и кадифен мошус, кои на мирисот му даваат мек, заводлив карактер.
Kylie Jenner by KKW Fragrance Pink Lips
Pink Lips е најавен како соларен цветен мирис со нагласени акорди на кокос. На отворањето на мирисната композиција доминираат мандарини и бергамот кои даваат сјај на граденијата, егзотичниот цвет од тиара и кокосовата вода во срцето на мирисот. Основата со топлина го прати цветното јадро, фаворизирајќи го кремастиот кокос, розовиот мошус, сандаловото дрво и течната килибарна смола.
Kylie Jenner by KKW Fragrance Nude Lips
Nude Lips е ориентален мирис со ванила и килибар. Композицијата се отвора со соларни зачини и цветови од крин кои на пиедесталот ги ставаат букетот од магнолија, јасмин и божур. Ванилата се топи во прегратката на вибрантниот килибар и мазниот кремаст мошус во основата на мирисот.
Достапни на официјалната страна!
Мирисите од колекцијата на Kylie Jenner by KKW Fragrance Red Lips, Pink Lips i Nude Lips се достапни во шишенца од 30 мл, како Eau de Parfum. Исто така може да набавите сет од сите три мириси на официјалната веб-страница kkwfragrance.com
View this post on Instagram