Мирисна мешавина на висока и улична мода! Valentino Uomo Born in Roma

Покрај женскиот новитет Valentino Donna Born In Roma, новото поглавје на модниот бренд Valentino под лиценца на L’Oréal вклучува издание за мажи – Valentino Uomo Born in Roma.

Бленд на старо и ново!

Концептот на новите парфеми Born in Roma го осмисли креативниот директор на брендот Pierpaolo Piccioli како бленд на старо и ново, комбинација на софистицираната висока мода и уличната мода.

Anwar Hadid и манекенката Adut Akech заштитни лица на парфемот!

Anwar Hadid брат на познатите манекенки Gigi и Bella Hadid е заштитно лице на новиот парфем во кампањата заедно со манекенката Adut Akech.

Мирис креиран како модерно толкување на класична мирисна композиција!

Valentino Uomo Born in Roma го креираа парфимерите Antoine Maisondieu и Guillaume Flavigny како модерно толкување на класична мирисна композиција. Дрвенестата арома е избалансирана со ладни соленкасти акорди.

Valentino Uomo Born in Roma на полиците во парфимериите ќе се најде од Септември 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *