Брендот Estée Lauder постојано ја докажува својата грижа за жените, преку новите колекции за нега и разубавување, производи богати со природни состојки и витамини за инстантно и моќно делување. Изборот е голем и можностите се бесконечни, а новите производи со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
Ви претставувам дел од колекцијата Nutritious достапна кај нас. Производи за нега на кожата докажано моќни, кои се база на калинка. Дали знаете дека во античкото време, калинката се сметала за свето растение? Се верувало дека ја симболизира младешката убавина заради многубројните позитивни својства.
Nutritious Super-Pomegranate
Калинките содржат повеќе антиоксиданти од многу овошја, вклучувајќи ги портокалот, грејпфрутот и лимонот. Една калинка обезбедува енергични витамини, како што се витамин Ц, Б6, Е и есенцијални минерали, вклучувајќи калциум, железо и магнезиум. Токму затоа, јадрото на медитеранската калинка е дел од колекцијата Nutritious Super-Pomegranate Radiant Energy.
Собрани од чистиот медитерански слив, калинките се трансформираат преку процес на екстракција на студено растворање на целото овошје во 8 чекори со цел потполно да се зачуваат моќните состојки. Производите се создадени од прецизно изработена мешавина на 8 моќни состојки. Покрај калинката, дополнително содржат патентиран супер – бери фермент, есенцијални витамини и минерали.
Nutritious Super-Pomegranate Radiant Energy Water Gel Crème
Крема која лесно ја хидрира кожата, давајќи и свеж сјај. Прецизно изработениот супер-калинка комплекс, сега уште побогат со двојна количина на концентрат од калинка ја штити кожата со антиоксидантна моќ. Додека се нанесува, прави нежна детоксикација, а крајниот резултат е супер хидрирана, мазна и сјајна кожа.
Nutritious Super-Pomegranate Radiant Energy Moisture Crème
Производ кој нуди интензивна, 24-часовна хидратација – Radiant Energy Moisture Crème е прецизно изработена од истиот супер-калинка комплекс, со двојна количина на концентрат на калинка што покрај моќното хидратантно дејство, помага во заштитата на кожата, ја обновува и прави посјајна.
Nutritious Super-Pomegranate Radiant Energy Lotion
Лосионот исто така содржи двојна количина на концентрат од калинка, наменет е за сува, дехидрирана кожа со знаци на стареење. Со своето интензивно хидратантно дејство го обновува и подмладува изгледот на кожата, а исто така делува и превентивно.
Nutritious Micro-Algae
Покрај калинката, во колекцијата Nutritious се употребени и други состојки со моќно дејство кои ја подмладуваат и беспрекорно ја негуваат кожата. Производите од колекцијата Nutritious Micro-Algae содржат формула на хранлива густа микро-алги мешавина од хлорела, спирулина и ламинарија сахарина.
Nutritious Micro-Algae Pore Purifying Cleansing Jelly
Гелот за чистење на лице содржи алги кои инстантно ги отстрануваат нечистотиите и честичките од шминка, правејќи ја кожата мека, еластична и свежа. Pore Purifying Cleansing Jelly има нежна формула што не се суши.
Nutritious Micro-Algae Pore Minimizing Hydra Lotion
Совршена хидратација и мазна кожа – кој би посакал помалку? Овој лесен лосион е полн со хранливо богата мешавина на микро-алги за да помогне во хидратација, ја балансира масната кожа и го минимизира изгледот на порите. Кожата лесно го впива и при тоа изгледа освежено и живо.
Nutritious Micro-Algae Pore Minimizing Shake Tonic
Двофазна мешавина на тоник и глина која помага во одржување на природниот баланс и го надополнува свежиот, здрав изглед на кожата. Помага во абсорбирање на маснотиите, намалувајќи го масниот сјај и го минимализира изгледот на порите.