- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Calvin Klein лансира нов, смел мирис за секоја генерација, наречен CK EVERYONE, отворајќи ново поглавје во приказната за култниот унисекс мирис CK ONE од 1994 година, инспириран од тогашната генерација на млади и нивниот начин на изразување. Во екот на својата слава од мирисот CK ONE се подаваа по 20 шишиња на секои 20 секунди.

Автентичен – Инклузивен – Ослободувачки!

Инспириран од автентичноста и младешкиот ум, кој не е ограничен со граници, родови норми и дефиниции, CK EVERYONE претставува експлозија од бесконечни можности.

CK EVERYONE го симболизира духот на новата генерација, со почит кон индивидуалноста и слободата на самоизразување. CK EVERYONE кампањата е предводена од инспиративен колектив, составен од талентирани артисти, музичари како и креативци, кои совршено отсликуваат повеќе страни од себеси и ги редефинираат границите.

Чист, зелен, цитрусен мирис, CK EVERYONE е најавен како „мирис без пол за денешницава, кој ја слави бесконечната слобода на изразување“.

- Реклама -

Мастер парфимерот, а воедно и создавачот на култниот CK ONE мирис, Alberto Morillas, креирал полово-неутрален мирис со чиста свежина употребувајќи 79% природно добиени состојки, игнорирајќи го традиционалното делење на мирисите по пол, а тоа совршено може да се види и од мирисот и кампањата.

Мирис!

CK EVERYONE создаден е со еколошка свест за животната средина и претставува совршена комбинација од чиста свежина, слатка сензуалност и доза провокативност. Цитрусен мирис кој доминира со ноти на масло од освежителен органски портокал, искомбиниран со ноти на син чај и вибрантна основа од кедрово дрво, за еден полово неутрален мирис.

CK EVERYONE ви дозволува да бидете 100% вие. Тој ги отсликува идеалите на оваа нова генерација” вели мастер парфимерот Alberto Morillas, кој е познат и по оригиналниот CK ONE мирис.

Како чист и еколошки свесен мирис, CK EVERYONE е вегански и во себе содржи 79% природно изведени состојки.

Шише + Пакување!

Шишето и пакувањето на CK EVERYONE се создадени од рециклирани материјали, во чест на неговата едноставност и чистина. Ултра модерното транспарентно стакло содржи 10% пост-потрошувачки рециклирани материјали, а истото може повторно да се рециклира со отстранување на прскалката и еластичната трака, додека картонската кутија содржи 30% пост-потрошувачки рециклирани материјали.

Комбинирајќи две култни нешта, CK EVERYONE оддава почит на култната CALVIN KLEIN долна облека и на препознатливата еластична трака, со тоа што на самото шишенце е ставена иста таква на која е испишано логото, исто како и на долната облека.

Мирисот е достапен во 50, 100 мл, како Eau de Toilette.