После мирисното изданието Nina Rouge од 2019 година, брендот Nina Ricci го лансира Nina Rose мирисот. Овие изданија припаѓаат на Les Belles de Nina линијата и претставуваат варијации на оригиналната Nina од 2006 година, во шишиња во форма на јаболко како современо толкување на шишето Fille d’Eve, дизајнирано од Lalique во 1952 година.
Розова како бонбона, ултра сјајна на стакленото шише!
Nina Rose е создаден да донесе „кондензиран оптимизам“. Тимот предводен од новите креативни директори на брендот – Rushemy Botter и Lisi Herrebrugh, со новото издание ја раскажаа приказната за концептот „cool couture“. Розова, но не било каква нијанса! Оваа што го краси шишето Nina Rose е розова како бонбона или гума за џвакање, ултра сјајна на стакленото шише.
Ултра-свежа хармонија!
После компонирањето на Nina и Nine Rouge, парфимерот Olivier Cresp исто така ја потпиша новата деликатесна мирисна композиција. Nina Rose е со свежи гурмански ароми. Одважниот и пенлив бергамот и лимон се придружуваат на сочната круша и создаваат блескава, ултра-свежа хармонија. Овој кисел допир се топи во кадифената мекост на цветот од портокал и есенцијата на нероли. Во основата се наоѓа мошус и кедар од Вирџинија.
Les Belles de Nina Nina Rose е достапен во 50 и 80 мл, како Eau de Toilette.