- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Можеби вие сте MAC обожавател кој во секој момент поседува по неколку производи од овој мејкап бренд или можеби сте MAC зависник кој секогаш се лепи на компјутерот кога се лансираат најновите MAC мејкап производи. Но, дури и најголемите обожаватели ќе бидат изненадени од овие факти за брендот MAC Cosmetics!

1# Кратенката МАС значи Makeup Art Cosmetics.

2# Козметичката компанија MAC Cosmetics е основана кога професионалниот мејкап артист Frank Angelo и фотографот Frank Toskan беа фрустрирани од тоа колку бледо изгледала шминката на нивните фотографии. Затоа, во 1984 година заеднички го создадоа брендот МАС Cosmetics за да ги исполнат своите потреби за професионална шминка.

3# Брендот МАС успеал да се пробие во светот на козметиката кога Madonna започнала да користи интензивен мат црвен кармин на фотосесија во доцните 80-ти. Подоцна била фотографирана како носи МАС маица и луѓето одма почнале да го забележуваат брендот.

- Реклама -

4# Natalie Portman за улогата во популарниот филм „Црниот лебед“ целосно беше нашминкана со производите на МАС. Мејкап артистката Judy Chin ги користеше скоро сите МАС производи за да го постигне популарниот мејкап изглед на лебед.

5# За секој купен мејкап производ од Viva Glam колекцијата, 100% од продажбата брендот MAC го донира во добротворни цели. MAC AIDS фондот е основан во 1994 година за поддршка на мажите, жените и децата погодени од ХИВ/СИДА на глобално ниво. Според MAC Cosmetics, фондот досега има собрано над 400 милиони американски долари преку продажбата на MAC Viva Glam кармини и сјаеви за усни со потпис на славни личности.

За Viva Glam колекцијата MAC има соработувано со многу познати личности како: Nicki Minaj, Miley Cyrus, Sia, Rihanna и многу други. За таа цел MAC Cosmetics секоја година избира нов амбасадор на Viva Glam колекцијата.

6# МАС Cosmetics е со седиште во Њујорк и стана дел од компаниите на Estée Lauder во 1996 година.

7# Најпродаваниот кармин на MAC е нијансата Chili, а се продаваат 11 кармини во минута на глобално ниво.

8# Култниот и омилен МАС кармин Ruby Woo е втора најпродавана МАС нијанса на кармин. MAC продава по 7 кармини од нијансата Ruby Woo во една минута на глобално ниво.

9# Мејкап артистите можат да се регистрираат на специјалната програма на компанијата за да добијат до 35% попуст на MAC производите. MAC Pro програмата e прва програма за членство за професионални мејкап артисти во козметичката индустријата. Професионалните мејкап артистите со плаќање на 35 американски долари на годишно ниво можат да станат дел од оваа програма. Тие добиваат шанса да присуствуваат на мастер курсеви, онлајн настани и секако огромен попуст на секој MAC производ.

MAC Pro картичката е валидна и во MAC Скопје и сите кои ја поседуваат можат да добијат 35% попуст на MAC производите.