Paco Rabanne, нови епски херои!
Брендот Paco Rabanne, инспириран од спортскиот дух на еден натпревар и славењето на победата, најави повторно лансирање на изданијата Invictus Aqua и Olympéa Aqua од 2016 година, како свежи варијанти на оригиналните Invictus од 2013 и Olympéa од 2015. Новите Invictus Aqua и Olympéa Aqua во парфимериите ќе се појават на почетокот на 2018 година.
Моќен и сензуален! Olympéa Aqua
Olympéa Aqua е најавен како моќен и сензуален мирис, со солени акорди на ванила. Вклучува мирисни ноти на цвет од лимон, овошјето calamondin (хибрид на портокал и мандарина), воден крин, воден јасмин, соларни ноти, ванила, кашмир и амбер.
Olympéa Aqua доаѓа во Eau de Parfum Légère издание, наместо Eau de Toilette од 2016 година.
Достапен е во 50 и 80 ml како Eau de Parfum Légère.
Епски херој! Invictus Aqua
Новиот Invictus Aqua е свеж, водено-дрвенест мирис на “епски херој кој се соочува со бранови”. Композицијата содржи ноти од грејпфрут, лист од љубичица, амбер и ружино дрво.
Invictus Aqua е достапен е во 50 и 100 мл како Eau de Toilette.
Лицата на рекламната кампањ се поранешниот рагбист Nick Youngquest и моделот Luma Grothe.