Време е да се модернизира застарениот пристап за машката кожа!
До деведесетите целокупната грижа за нега на машката кожа беше базирана само на примена на лосион за после бричење, но денес постојат производи кои одговараат на потребите на машката кожа.
Конечно дојде време да се модернизира застарениот пристап.
Машката и женска кожа се разликуваат, затоа бараат различни третмани!
Од тогаш па до денес, филозофијата се заснова на фактот дека машката и женска кожа се разликуваат. Мажите и жените се еднакви, но не се исти. Нивната кожа се разликува во неколку клучни карактеристики и поради тоа бара различна нега.
7 ФАКТИ за машката кожа!
-машката кожа е масна, но од страна на делување на потните жлезди може брзо да дехидрира,
-машката кожа поради поголемиот дел на колаген е подебела и погуста отколку женската,
-машката кожа почнува да се опушта на средна возраст, кога нејзината еластичност брзо и видливо слабее,
-мажите имаат помалку брчки, но се подлабоки и повеќе изразени,
-слојот на поткожното масно ткиво е потенко и се дистрибуира на различен начин од жените,
-машката кожа често е изложена на мали повреди и поткожни влакна кои се настанати поради бричење,
-тестостеронот слабее и се намалува неговата заштитна функција, тогаш доаѓа до воспаление,.
Престанете да позајмувате креми од вашите најмили!
Поради сите овие факти за машката кожа конечно се потврди дека машката нега на лицето бара посебен третман. Мажи, престанете да позајмувате креми од вашите најмили! Вашата кожа се разликува во неколку клучни карактеристики и поради тоа бара различна нега. Денеска на пазарот постои широк спектар на производи за нега на машката кожа, вие само треба да ја одберете најдобрата за вас!