Револуцијата на природна шминка што како тренд се појави на Инстаграм, прерасна во револуција со став. Уверен и неверојатно убав!
Совршена и природна!
Мејкап револуцијата создава ново чувство за себе. Нови мултитаскинг производи, индивидуални и разноврсни! Шминка која изгледа природно, но сепак совршена во детали што ја нагласува најубавата страна на жената.
Козметичкиот бренд Artdeco е предводник во мејкап револуцијата на природна шминка со новите мејкап производи од The Natural линијата.
Зошто природна шминка?
Клучот од употребата на Artdeco мејкап производите е да дозволите вашата природна кожа да сјае, без целосно да биде покриена. Со BB или CC кремот вашиот природен сјај ќе биде видлив и ќе понуди покривност без тежина, за разлика од течната пудра. Покријте ги сите недостатоци или темни кругови на лицето со коректор и блендирајте со четка.
Балзам за природен изглед на кожата! Artdeco Instant Skin Perfector
Овој револуционерен мејкап производ овозможува неговата нежна боја да придонеси за еднаков и балансиран тен на кожата.
Специјална технологија!
Skin Perfector е со кремаста текстура составена од пигменти кои во себе содржат боја. Самите пигменти кога ќе се нанесат, се ослободуваат и се адаптираат на бојата на кожата. Обоените пигменти, ги корегираат несовршеностите и оптички го усовршуваат тенот на лицето. Лесната и кремаста текстура овозможува лесно нанесување, овозможувајќи пријатно чувство на лицето.
Богатата текстура на Skin Perfector содржи значајни состојки. Листовите од аругула, познати по нивните хранливи и заштитни состојки, екстракт од порцеланска роза кој овозможува пририоден и свеж изглед, екстракт од морски алги и хијалуронска киселина.
Artdeco Instant Skin Perfector совршено е прикладен да се користи како подлога за течна пудра.
Стик за осветлување на лицето! Artdeco Luminous Skin Stick
Со новиот мејкап производ од Artdeco ќе постигнете бисерен сјај на вашето лице.
За свеж тен на лицето!
Нежниот одблесок на Luminous Skin Stick оптички ги прикрива борите и несовршеностите. Производот може да се користи за истакнување на јаболкниците, деловите на челото и носот.
Стикот е идеален за прецизно нанесување и осветлување. Практичен е за брзо нанесување кога немате многу време за шминка. Може да се употребува на чисто лице или врз пудра.
Повеќенаменски стик за цело лице! Artdeco Multi Stick
За Artdeco Multi Stick може да се каже дека е револуционерен мултинаменски производ. Со Multi Stick шминката ќе изгледа природно, но сепак совршена во детали.
Мултитаскинг револуција!
Вистинско богатство е да се употребува стикот, бидејќи може да се применува како: сенка за очи, кармин, за истакнување на одредени делови од лицето, како руменило, бронзер, стик за контурирање или како коректор.
Artdeco Multi Stick може да го нанесете на одредени недостатоци на вашето лице и ќе бидете воодушевени од резултатите. Голем бенефит за стикот е тоа што неговата текстура е прилагодлива на бојата на кожата. Совршен е за постигнување на мејкап изглед кога сте во брзање.
Мазниот и мек стик со лесна текстура може да се нанесе на секој дел од лицето.
Револуционерниот Artdeco Multi Stick, најдобри резултати прикажува кога се нанесува за заштита, покривност и истакнување. Идеален е за да ги истакнете надусниците и пределот над веѓите. Стикот може да го употребите за сенчање на очите, благо контурирање и корекција на масната кожа.