Брендот Carolina Herrera претстави машко издание на парфемот 212 VIP водено од истите слогани: “Дали сте на листата” и “Ова е приватна забава”. Парфемот е одраз на стилот и ставот на елита од New York, опишан како мирис за ноќни забави, мирис кој содржи ноти на џин и вотка.
Парфем за забавен, харизматичен и елегантен маж!
Мажот за кого е наменет овој мирис е забавен, харизматичен и елегантен, а кај другите буди страст и завист.
VIP изгледот е надополнување на VIP мирисот!
Мирисната композиција е со ориентално дрвенест карактер создадена од страна на Emilie Coppermann како експлозивен коктел.
VIP изгледот е само мало надополнување на VIP мирисот чија моќ се воочува преку елитниот почеток со овошните ноти, надополнети со акордите на кавијар лимета, смрзнато нане и црн бибер. Срцевината на господарот на забавите е како мирисот на оној коктел кој ја одржува свежината низ целата вечер односно мирисот на ладна вотка, ѓумбир и парче јаболко. Со уникатната маженствена и сензуална база господарат кралското дрво, амберот и тонка.
Амбалажата дава визуелизација на моќта на мирисот!
Моќта на амбалажата дава визуелизација на моќта на мирисот. Шишето е во форма на моќно пресечен блок кој сјае јасно во мистериозната темнина на ноќта. Метално сребрениот горен дел овозможува исполиран краен допир кој го поседува секоја VIP појава.
Лицето на кампањата е моделот Jon Kortajarena.