- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Свежина и сила ја карактеризираат новата креација на мирисната колекција Y For Men на брендот Yves Saint Laurent. Новиот Y Eau Fraiche е најавен како возбудлива интерпретација на Y изданието, лансирано во 2017 година. После првото Y издание, колекцијата понуди верзии Y Eau de Parfum во 2018 година, Y Live во 2019 година и најновата Y Eau Fraiche во 2020 година.

Y Eau Fraiche зрачи со ледено свежи аспекти!

Составот на мирисот зрачи со блескавост и ледено свежи аспекти. Y Eau Fraiche на почетокот се отвора со зачинета мешавина од лимон, ѓумбир и бибер. Во срцето на мирисот доминира гераниум, акцентиран со леден пеперминт, во комбинација со ароматични бобинки од смрека и смирувачка лаванда. Основата содржи фасети од лимон, овој пат балсамичен слој на olibanum и мазен смирувачки тон на кедрово дрво.

- Реклама -

Adam Levine – заштитно лице на Y Eau Fraiche!

Рекламно лице на кампањата останува Adam Levine, кој исто така е лице на кампањата за мирисот Y Live.

Шишенцето го рефлектира ледениот израз на мирисот!

Во шишенцето со иста форма како и претходните изданија, но овој пат со ефект на заледено стакло кое го рефлектира ледениот израз на мирисот Y Eau Fraiche.

Y Eau Fraiche доаѓа во количини од 60 и 100 мл, како Eau de Toilette.