Пливање, мрзеливо лежење на плажа освежувајќи се со егзотични коктели, жешки ноќи исполнети со танцување или романтична вечера покрај брег се летни активности кои секоја година со нетрпение ги очекуваме. Кога ќе пристигнеме во избраната летна оаза, имаме само еден императив – максимална релаксација и опуштеност. Затоа летни месеци се идеални за лежерен и природен изглед, без разлика дали се работи за шминка или фризура.
За вистински да се релаксирате на заслужениот летниот одмор, најдобро е целосно да заборавите на строга фризура, пегли и разни уреди за коса и тешки препарати кои дополнително ќе ја оптоварат косата. Кај летните фризури потребна е опуштеност, дури и малку неуредност, а како совршен летен изглед последниве сезони се истакнува благо замрсена брановидна фризура, позната како beach waves. Омиленaта фризура на многу блогерки и модели, инспирирана од beach waves фризурата во краток временски период стана апсолутна класика.
Комбинација на коса која природно е исушена на топол летен воздух и морска сол во неа, тоа е прекрасен лежерен изглед за плажа кој го посакуваат многу девојки, сега може да го постигнете со неколку одлични производи за убавина од познатиот бренд Keune.
Keune Blend Salt Mousse пена
Blend Salt Mousse пената е наменета за текстура и волумен на косата. Пената е совршена за создавање на безгрижна фризури за долга коса и создавање на разбушавени природни бранови. Додадената морска сол дава волумен и текстура за изглед на косата како на плажа. Воедно косата се збогатува со мултивитамински комплекс кој ја енергизира и храни.
Keune Blend Sea Salt спреј
Blend Sea Salt спрејот обезбедува моментална текстура и волумен на фризура како од плажа, без потреба да се оди на плажа. Природната морска сол на косата моментално и обезбедува поголем волумен и текстура, без сушење или замрсување на влакното. Потребно е да се нанеси на коса природно просушена со пешкир и да се остави природно да се исуши или да се употреби фен за коса за уште поголем волумен.
Keune Blend Gloss спреј
Blend Gloss е сјаен спреј кој дава неверојатен сјај, без дополнителен ефект на замрсување на косата. Уникатниот засилувач на сјај ја прави косата раскошна, сјајна и убава, што го прави идеален придружник за луди ноќни забави.