- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако мислевте дека пилингот е резервиран само за кожата на лицето и телото, се излажавте! Не само што е можно да се нанесе на скалпот, туку тоа е неопходно! Овој сè попопуларен третман носи бројни придобивки за изгледот и здравјето на косата, но и на скалпот. Затоа, конечно дознајте кои се предностите од користењето на пилинг за коса.

За што служи и кои се предностите?

Правилната нега на косата повеќе не може да се замисли без редовна употреба на пилинг. За да може скалпот да „дише“, мора да го ослободите од сите нечистотии и мртви клетки кои се таложат на него, а кои обичните шампони не се во состојба да ги отстранат.

Пилингот има моќ да го „ресетира“ скалпот и да ја регенерира косата од оштетувања предизвикани од бројни хемиски и механички дејства, како третман со бои, избелувачи и фенирање, но и често обликување на косата и употреба на лакови, пени или шампони за суво миење. Сето тоа може да резултира со зголемена маснотија на скалпот, првут, чешање, па дури и опаѓање на косата.

За среќа, пилингот ефикасно ги спречува сите овие несакани процеси и на косата и го враќа здравиот изглед, мекост и сјај, но и најважно, ја поттикнува циркулацијата на скалпот за побрз раст на косата. Веднаш после пилингот се препорачува употреба на маска и серум, бидејќи само така косата максимално е подготвена да ги апсорбира сите хранливи материи од другите препарати за нега на косата.

Керастасе пилинг за коса

- Реклама -

Како се користи?

Пилингот за коса се нанесува на влажна, свежо измиена коса. Се нанесува директно на скалпот, а потоа нежно се масира неколку минути. Секогаш најдобро е да ги следите упатствата на пакувањето и да го оставете производот да делува точно онолку колку што предвидел производителот.

После пилингот, косата треба темелно да се исплакне со млака вода, а ефектот да биде уште посилен, продолжете со третман за нега со нанесување на маска или серум наменети за вашиот тип на коса.

Производите за пилинг на коса може да се најдат во форма на креми или шампони. Дејствуваат на сите делови од косата и скалпот и имаат за цел целосно обновување на косата. По само едно нанесување, косата изгледа побујна, а влакната стануваат ревитализирани и сјајни. Ваков тип на нега треба да се повторува еднаш неделно.

Керастасе пилинг за коса

Целта е иста за сите!

Без разлика дали вашата коса е сува, мрсна, нормална, тенка, густа, оштетена, кадрава, права или обоена, крајната цел на пилингот е иста за сите – лесно ладење и темелно чистење на скалпот, што за разлика од класичното миење на косата со обични шампони има многу попрецизен и поделотворен ефект, а во исто време ја обновува косата!

Кои се најдобрите пилинзи за коса?

Пронајдов два феноменални производи од реномираниот бренд Kérastase кои можат да помогнат во освежување и интензивно чистење на скалпот и косата на вистински начин.

Керастсе пилинг за коса

Првиот е Scrub Énergisant Purifying Scalp, наменет за сите кои се соочуваат со предизвикот на мрсна коса. Овој пилинг за коса интензивно го чисти скалпот и го зголемува волуменот на косата правејќи ја сјајна и мека.

kerastase scrub energisant

kerastase scrub energisant

Керастсе пилинг за коса пред и после

Од друга страна, Scrub Appliance Soothing Scalp е наменет за пилинг на нормална до сува коса и чувствителен скалп. Користењето на овој пилинг овозможува скалпот правилно да диши истовремено правејќи ја косата прекрасна, блескава и со повеќе волумен.

kerastase scrub apaisant

kerastase scrub apaisant

Керастсе пилинг за коса пред и после

Бонус совети!

Сега кога знаете што е пилинг за коса, еве уште неколку корисни совети!

#1 Навиката да поминувате со прстите низ косата е честа, но во исто време многу лоша! Влијае на побрзо замаснување на скалпот, но и на самата коса.

#2 При нанесување на пилингот избегнувајте груба масажа за да не го „изгребете“ скалпот. Исто така, внимавајте на темелно плакнење, за да не остане вишок производ во косата.

#3 Квалитетот на четките за чешлање исто така многу е важен. Ако е можно, изберете ги оние направени од коњски влакна.

#4 Никогаш не нанесувајте производи за стилизирање на косата директно на скалпот, бидејќи со тоа ги затнувате порите и го зголемувате создавањето на нечистотии.

#5 Мијте ја косата само со млака вода и исплакнете ја со ладна.