Во последните неколку сезони бевме сведоци на бројни возбудливи трендови во светот на кармините. Малку се носеа мат, малку сјајни и така во круг. Покрај ефектот што го постигнуваа на усните, акцент беше ставен на нови иновативни производи кои целото внимание на мејкап сцената го насочија само на усните.
Каква текстура ќе се носи оваа есен?
Усните ќе бидат во фокусот на вниманието и оваа есен поради кармините кои веќе се лансирани, но боите на кармините кои ќе преовладуваат ќе бидат поатрактивни од било кога. Ако сте заинтересирани или се прашувате каква текстура ќе се носи оваа есен, тоа дефинитивно ќе биде мат! По сјајните кармини кои доминираа пролетта и летово, се враќаме на мат кармини, кој изгледаат повеќе софистицирано од било кога.
Ви предлагам неколку мат кармини кои веќе пристигнаа или ќе пристигнат на полиците во парфимериите.
Bobbi Brown Luxe Matte Lip Color
Новото надополнување на најпродаваните Bobbi Brown Luxe Lip Color кармини, сега со иновативна мат формула. Овој луксузен мат кармин содржи скапоцени масла и мат пигменти кои обезбедуваат целосна покривност, удобност, лесно чувство и 12 часа боја со висок интензитет.
Со Luxe Matte Lip Color карминот вашите усни никогаш нема да бидат суви или да ве затегнуваат додека го носите омиленениот мат кармин.
Bourjois Rouge Velvet The Lipstick
Запознајте го Bourjois Rouge Velvet The Lipstick, прекрасен долготраен кармин кој никогаш нема да ги исуши вашите усни! Тајната во неговата ексклузивна формула е навлажнувачкиот комплекс кој ги комбинира хидратирачките восоци со лесни масла и богати пигменти за неодолив кадифен мек финиш на вашите усни.
Кога сакате прецизен кармин со интензивна мат боја, кој трае долго и се чувствува лесно на усните само со едно нанесување, Bourjois Rouge Velvet The Lipstick ќе ви даде 24 часовен гламур на вашите усни.
Max Factor Velvet Mattes Lipstick
Кој вели дека не може да има влажни и мат усни? Max Factor Velvet Mattes колекцијата на кармини е специјално создадена да понуди мат финиш со кремаста, хидратантна формула во составот.
За да биде мат, карминот содржат пудра во прав која истовремено ја суши текстурата. Но за да се избегне непосакуваниот ефект на суви усни, Max Factor во Velvet Mattes колекцијата покрај останатите состојки во составот нуди иновативна формула со навлажнувачки масла.
Aura Ultimatte!
Свој адут за оваа есен има мејкап брендот Aura, кој носи совршен производ за совршени мат усни!
Новиот мат течен кармини Ultimatte е со долготрајна формула и мат финиш. Богатата пигментација овозможува рамномерно нанесување на карминот преку целата површина на усните.
Формулата е збогатена со масло од јојоба што дополнително обезбедува влажност, удобност и кадифен ефект без чувство на суви усни. Апликаторот е прилагоден на обликот на усните и совршено лизга по должината на целата површина на усните.