Следејќи го успехот на минатогодишниот машки мирис Paco Rabanne Pure XS for Him, доаѓа женска верзија најавена како дива и многу провокативна. Под лиценца од страна на шпанската парфемска компанија Puig, Paco Rabanne прави нов чекор со XS линијата, лансирајќи го женското продолжение Pure XS for Her Eau de Parfum како цветно-ориентална верзија. Заштитно лице на парфемот ќе биде новата бренд амбасадорка, актерката и модел Emily Ratajkowski.
Сексипилна, опојна и интригантна!
Декадентната, сировата и неконтролираната ориентална композиција на машкото издание сега добива свој женски пар во прекрасно шишенце со змија во златна боја. Мирисната композиција е опишана како сексипилна, опојна и интригантна, со клучни мирисни ноти на сиров ylang-ylang, интригантни ноти на пуканки и врела ванила.
“Неумереност во најчиста форма” – изјавуваат од брендот.
Мирисната композиција на новото, еротично издание потпишано од парфимерот Quentin Bisch кој на мирисот му поклонува цветна, млечна и експлозивна страна. Ги користи ylang-ylang и ванилата за провоцирање, акордот на солена пуканки за wow ефект и експлозија на парфемското срце и мошус и сандалово дрво за додавање на мошусно-млечни акорди.
Музата на Paco Rabanne, рекламно лице за најновиот женски мирис: Emily Ratajkowski
Рекламните фотографии се на познатиот фотограф Nathaniel Goldberg, кој стои и зад кампањите на Million и Pure XS. Рекламното лице и музата на Paco Rabanne, за најновиот женски мирис е Emily Ratajkowski. По Lady Million и Pure XS, шведскиот режисер Johan Renck соработува по трет пат со Paco Rabanne за видео кампањата за Pure XS for Her.
Прекрасно розово шишенце со змија во златна боја!
Шишенцето е во форма како кај Black XS Eau de Parfum од 2018 година, направено од стакло во ombre стилот во розова нијанса, додека надворешната амбалажа е розова со кадифен финиш и детали во златна боја.
Мирисот Paco Rabanne Pure XS For Her ќе биде достапен во 30, 50 и 80 мл како Eau de Parfum.