WOMEN не означува една, туку повеќе – групи на индивидуи, секоја со свој посебен глас, со свое уникатно јас. Calvin Klein црпи инспирација од повеќекратниот идентитет на женственоста денес – од модерните жени и нивните безбројни интерпретации – да измисли и креира нов мирис, првиот Calvin Klein мирис креиран според визијата на главниот креативен директор, Raf Simons: Calvin Klein Women.
Мирисот!
Calvin Klein Women е игра на контрасти, бескрајно различни како и личностите на жени кои го инспирираат, создаден од парфимерите Annick Menardo и Honorine Blanc.
Спојувајќи сила со нежност, свежина со сензуалност, мирисот обоен во светло розова нијанса е изграден околу три клучни состојки – деликатните ливчиња од цвет од портокал, свежите плодови од еукалиптус и богатото кедрово дрво од Алјаска, во комбинација со црн бибер и лимон Sfuma, букет од магнолија Grandiflora и екстракт од јасмин, како и заводливата сила на есенцијалното масло од Olibanum и амброкс.
Calvin Klein Woman мирисот – секоја состојка е почитувана и прославена, комбинирана со цел да се создаде неочекувана и уникатна дрвенесто-цветна композиција. Во овој динамичен и модерен мирис, оној кој го носи открива вродена двојност, постојана тензија помеѓу различни елементи. Тој претставува мирисен портрет на повеќестраната женственост денес.
Шишенцето!
Хибрид кој опфаќа повеќе светови истовремено, шишенцето и пакувањето на Calvin Klein Women го изразуваат креативниот идентитет на Raf Simons. Работата на Simons постојано ги надминува границите на универзумот на уметноста и модата. Создадено од Suzanne Dalton во соработка со Anne Collier, шишенцето на мирисот е приказ на безвременската женственост, со ергнономски заоблена форма во тешко стакло. Симултано истражувајќи и нарушувајќи ги естетските кодови, почитувајќи ги традициите и слободно предизвикувајќи ги, шишенцето ги спојува овие референци кон минатото со нов пресврт – графички украсено, големо капаче во форма на диск, кое претставува платно за фотографскиот принт на Anne Collier.
Calvin Klein Woman мирисот – ги замаглува границите помеѓу уметноста и модата, користејќи цитати од визуелниот јазик на модерната фотографија, како и старосни поими за женственоста. Тој одбива да се прилагоди. Притоа, ја продолжува традицијата на кршење на правилата, синоним за Calvin Klein.
The Artwork!
Илустрацијата која може да се види и на пакувањето и на шишенцето на Calvin Klein Women, е создадена од визуелниот уметник Anne Collier – женско око, кое гледа надвор кон светот. Овде, работата на Collier е врамена или со капачето во кружна форма, каде е уметнички објект самиот по себе, или на белото пакување на самиот парфем, функционирајќи како неконвенционален минијатурен уметнички ѕид. Работата на Collier го рефлектира тоа што значи да си жена и како жените се прикажани во уметноста, маркетингот и медиумите. Окото е мотив кој се повторува во работата на Collier и е тесно поврзано со механизмите на камерата. Според Collier, окото е прагот помеѓу нашите внатрешни и надворешни животи, помеѓу нашите желби и нашите секојдневни реалности.