Кога станува збор за маскара – нема дилема, повеќето жени користат само карбон црна нијанса на маскара. Ако сте некој кој се колне во црна маскара, веројатно никогаш не сте набавиле кафена маскара – освен по грешка. Веројатно се прашувате кој би носел кафена маскара наместо црна? Затоа ви нудам 6 ситуации кога подобро е да ја замените црната со маскара во кафена нијанса.
Постојат прилики и трендови кога кафената маскара подобро изгледа на вашите очи. Тоа не значи дека треба да ја отфрлите црната – секогаш мора да ја имате во вашиот несесер. Покрај тоа, што се однесува до кафената маскара, слободно инвестирајте во некоја поевтина, бидејќи сигурно ќе ја користите помалку.
Кафена маскара – 6 ситуации кога подобро е да имате кафени трепки!
Ситуација 1 – Кога сте новопечена или природна русокоса!
Ако сте новопечена русокоса, не е лоша идеја да ја осветлите шминката на трепките. Затоа, добра идеја е карбон црната маскара да ја чувате за вечерни и специјални прилики, но за дневна шминка одберете кафена маскара која нема да изгледа премногу контрастно со вашата светла коса. Особено ако имате светли очи и ако сте природна русокоса – ќе видите дека кафената маскара ќе стане вашиот најдобар пријател.
Ситуација 2 – Кога ги завршувате обврските низ град!
Излегувате од дома за да набавите намирници или да ги завршите вашите дневни обврски? Оваа ситуација не бара целосна шминка на лицето, но ако нанесете неколку слоеви од кафена маскара ќе ги истакнете природните црти на лицето. Сигурно – никогаш не знаете на кого може да налетате додека чекате во ред во маркетот.
Ситуација 3 – За утринска шминка!
Ако обично не носите многу шминка или се шминкате прилично природно, кафената маскара е совршен додаток на секојдневниот изглед. Кафената нијанса е многу посуптилна од црната, која може да биде прегруба за утринскиот мејкап изглед. Без разлика дали ќе одите на работа или на факултет – кафената маскара е совршена за овие пригоди!
Ситуација 4 – Ако имате кафени очи!
Ако имате кафени очи, кафената маскара е совршен начин за акцентирање на богатата чоколадна боја. Оваа природна боја на маскара ќе ги направи вашите очи да изгледаат повеќе будни и пораскошни со само неколку потези со четката. Обидете се во вашата дневна рутина да внесете кафена маскара и почекајте ги комплиментите!
Ситуација 5 – Да ги нагласите долните трепки!
Не ги игнорирајте долните трепки! Иако горните трепки се во вашиот фокус при нанесувањето на маскарата, шминкањето на долните трепки го поврзува комплетно вашиот мејкап изглед. Кафената маскара е совршен начин да ги нагласите долните трепки, без да го редефинирате остатокот од шминкањето на вашите очи.
Ситуација 6 – За “шминка без шминка“ изглед!
Трендот на шминка што изгледа како да немате шминка на себе сеуште е актуелен! Без разлика дали ќе излезете или одите на предавање во училиште или на факултет и сакате да изгледате природно, кафената маскара е неопходна за овој мејкап изглед. Малку тонирана BB крема, малку кафена маскара и балсам за усни во боја – подготвени сте за овој “шминка без шминка ” тренд!