Кога принцот Harry и Meghan Markle американската актерка, позната по нејзината улога во хит серијата Suits, во Ноември 2017 година ја објавија својата венчавка, таа стана една од најпопуларните јавни личности, која се соочува со очите на јавноста и камерите, следена секаде каде и да оди. Незаборавната кралска свадба предизвика уште поголемиот интерес за новата брачна двојка.
По судбоносното „да“ кое на телевизиските екрани го следеа милиони луѓе од целиот свет, Meghan Markle ја доби новата титула Војвотка од Сасекс (Duchess of Sussex), но и нови правила на однесување кои мора да се почитуваат. Позната по својот многу класичен и елегантен стил со примеси на тековни модни трендови и лежерно собрана коса, Meghan во рамките на правилата на кралскиот протокол успеа да најде рамнотежа и да остане верна на себе.
Омилените бјути производи на Meghan Markle!
Meghan остана верна на својот препознатлив бјути изглед кој го красат едноставност и елеганција, со неутрални тонови и природен сјај, кој секогаш дава доза на свежина и младешки изглед. Кои бјути производи стојат зад беспрекорниот мејкап изглед на Meghan Markle?
Кога станува збор за шминка, Meghan Markle секогаш го следи правилото дека помалку е повеќе. Нејзиниот секојдневен мејкап изглед најчесто започнува со прајмерот Laura Mercier Foundation Primer, што на нејзиното лице дава сјај. По него, Meghan го има избрано култниот YSL Beauty Touche Éclat Radiant Touch коректор за да ги прикрие сите ситни недостатоци на лицето. Сосема неочекувано, Meghan речиси секогаш ја прескокнува пудрата, со цел да го задржи својот многу природен изглед, а дозата на сјај ја пронаоѓа во RMS Beauty Living Luminizer кремастиот и децентен хајлајтер.
Laura Mercier Foundation Primer Radiance прајмер
YSL Touche Éclat Radiant Touch коректор
RMS Beauty Living Luminizer хајлајтер
За вечерни прилики!
За вечерни прилики, Meghan дополнително ги истакнува образите со NARS Cosmetics Orgasm руменилото, а на усните обично нанесува Charlotte Tilbury Matte Revolution кармин за усни во нијанса Very Victoria која носи само мало отстапување од нуд нијансата што ја избира за дневен мејкап изглед. MAC Eye Kohl моливот за очи во нијанса Teddy и Maybelline Lash Sensational Luscious маскарата се омилените фаворити со кои ги нагласува своите очи во облик на бадем за дневни и вечерни прилики.