- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Carolina Herrera лансира два нови мириси кои ќе бидат промовирани во Февруари 2019 година, женско издание 212 VIP Rosé Extra и машко издание 212 VIP Black Extra. Мирисите претставуваат ограничени изданија на тема на оригиналните 212 VIP Rosé од 2014 година и 212 VIP Black од 2017 година.

 

- Реклама -

Carolina Herrera 212 VIP Rosé Extra

Женскиот мирис 212 VIP Rosé Extra е направен за да го покаже свечениот гламур. Горните ноти на почетокот вклучуваат живописна и ведра комбинација на ликер од цреша, цитрус и овошје. Силниот карактер на горчливиот бадем е искомпониран со цветни ноти во срцето, додека мирисни ноти во основата содржат дрвенести и ванила акорди.

Мирисот Carolina Herrera 212 VIP Rosé Extra ќе биде достапен во 80 мл, како Eau de Parfum Intense.

Carolina Herrera 212 VIP Black Extra

212 VIP Black Extra се најавува како интензивен и жесток мирис за ноќно излегување. Акордите од рум, кола и цитрус се во комбинација со црна кожа, мов и сензуални акорди на какао и мошус.

Мирисот Carolina Herrera 212 VIP Black Extra ќе биде достапен во 100 мл, како Eau de Parfum Intensive.