- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Dolce & Gabbana ги лансира ограничените изданија за сезоната 2019 на своите парфеми Light Blue од 2001 година и Light Blue Pour Homme од 2007 година. Light Blue Sun мирисниот пар доаѓа кон крајот на месец април 2019 година, инспириран од сончевите денови и романсата предизвикана од акордите на кокосовата вода. Летната авантура се случува на островот Капри.

Златните аури треперат на сонцето додека споделуваат бакнежи!

„Рака за рака, кожата загреана од блескавото пладневно сонце, нивните златни аури треперат на сонцето додека споделуваат разиграни бакнежи на секој чекор.“

https://youtu.be/xFJ6YouwsT8

- Реклама -

 

Light Blue Sun

Light Blue Sun, мирисот за жени, нуди цветно-овошна мирисна композиција. Свежите акорди на зелени јаболка и лимета го отвораат срцето со бели цвеќиња, рози и frangipani, додека базата е компонирана од топли дрвенести акорди, ambergris и мошус.

Dolce & Gabbana Light Blue Sun ќе биде достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

Light Blue Sun Pour Homme

Light Blue Sun Pour Homme се отвора со свежи цитруси и зачински мирисни ноти како што се бергамот и ѓумбир. Ароматичните акорди на рузмаринот се споени со цветните ноти во срцето, врз дрвенеста база на ванила и дабова мов.

Dolce & Gabbana Light Blue Sun Pour Homme ќе биде достапен во 75 и 125 мл, како Eau de Toilette.