- Реклама -  

Моливот за усни е незаменлива мејкап алатка кога станува збор за шминкање на усните. Колку моливи ви се потребни – дали онаа неутралната е погодна за сите кармини или за секоја боја е потребен посебен молив? Има многу дилеми, но во продолжение ви ги откривам сите трикови на професионалните шминкери како најдобро да ги комбинирате кармините со моливите за усни.

Моливот за усни може да го промени обликот на усните, да ја продолжи долготрајноста на карминот и да ја промени нијансата. Дали навистина вреди да се купува посебен молив за секоја нијанса на кармин? Дознајте во продолжение!

Зошто моливот за усни е производ без кој не се може?

Всушност, многу е важно да ја искомбинирате бојата на моливот и карминот, бидејќи главната улога на моливот е да додаде волумен на усните со создавање на понагласени рабови. Но, дали бојата мора да биде иста? – Во реалноста, не! Ако не можете да ја најдете идеалната нијанса на молив за вашиот омилен кармин, не грижете се, бидејќи постои алтернатива. Изберете молив кој е една до две нијанси посветла од вашиот кармин. Само осигурете се дека производите припаѓаат на иста палета на бои, на пример розов молив со бери (berry) кармин.

- Реклама -

Ако сакате само еден…

Ако не сакате да имате еден куп на моливи за усни, ви предлагам да одберете нијанса што е најблиска до бојата на вашите природни усни. Застанете на јака дневна светлина, погледнете ги усните и одредите дали имаат природно розов, праска, светло виолетов или кафен подтон. Обидете се да пронајдете молив во оваа нијанса.

Купете сестрани нијанси на моливи за усни!

Да се има идеална нијанса на молив за усни за секој кармин, навистина е непотребно. Затоа, фокусирајте се на купување на неутрални и сестрани бои на моливи. Ако сепак носите широк спектар на бои на усни, тогаш вложете во следниве неколку нијанси:

Нуд молив ќе оди заедно со беж, светло-кафен, розов и боја на праска кармин,

Бери (berry) молив ќе оди со бери, виолетова, слива и кафена боја на кармин,

Црвен молив ќе оди заедно со интензивно црвена и темно розова боја на кармин.

Идеално решение – транспарентен молив за усни!

Друга важна улога на моливот за усни е да го спречи разлевањето на карминот. Ако вашата главна грижа е да ги обликувате усните без остри рабови, тогаш ќе обожавате транспарентен молив за усни кој ги обликува усните и претставува пречка против „разлевањето“ на карминот.

Транспарентниот молив за усни е многу практичен, бидејќи може да послужи како прајмер за усни. Само имајте на ум дека брзо ќе го трошите, бидејќи ќе го нанесувате со секој кармин!

- Реклама -