- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Yves Saint Laurent лансира на нов мирис Y LIVE како дополна на мирисната линија Yves Saint Laurent Y Man. Првенецот во линијата беше Yves Saint Laurent Y Eau de Toilette од 2017 година, наменет за генерација Y – родени во 1980-тите и 1990-тите години, по што беше лансиран Yves Saint Laurent Y Eau de Parfum во 2018 година.

 

Заштитни лица на првите мирисни изданија беа – хип-хоп музичарот Loyle Carner, скулпторот David Alexander Flin и истражувачот на вештачка интелигенција Alexandre Robicquet, додека новиот мирис ќе го рекламира фронтменот на групата Marron 5, Adam Levine, кој во почетокот на годинава сними реклама за Y мирисната линија наречена Yves Saint Laurent Y Man.

- Реклама -

 

Новиот мирис фаворизира интензивни и динамички ароми!

Препознатливата и елегантна комбинација на црна јакна и бела маица, која послужи како модна инспирација за претходните Y изданија ја рефлектираше рамнотежата на моќта и свежината, додека новиот мирис ги фаворизира поинтензивните и динамички ароми изразени преку лежерната црна кошула која одлично му стои на Adam Levine.

Мирис со освежувачка арома на цвет од портокал!

Композицијата на Yves Saint Laurent Y LIVE се отвора со освежувачка арома на цвет од портокал, која нè воведува во срцето на мирисот, зачинето со свеж ѓумбир во комбинација со бергамот. Цитрусно-зачинската енергија на срцето е придружена со ароматичните ноти од жалфија и дрвенести акорди на смрека во основата на мирисот.

Новиот Yves Saint Laurent Y Live ќе биде достапен во шишенца од 60 и 100 мл како Eau de Toilette.