- Реклама -

Hugo Boss Perfumes во соработка со Coty го претстави најновото издание од мирисната линија Boss Bottled, која е инспирирана и посветена на Светското фудбалско првенство и кампањата на брендот во која се интернационалните фудбалски ѕвезди Julian Draxler, Philippe Coutinho, Harry Kane и Alvaro Morata. Ајде да играме фудбал заедно!

Лево крило! Напаѓач од средниот ред! Напаѓач! Центарфор!

Кампања на Boss е посветена на фудбалот, но со голем акцент на поединечните приказни на глобално познатите фудбалери. Лево крило, напаѓач од средниот ред, напаѓач и центарфор! Четири клучни позиции во фудбалот, четири врвни играчи, четири мажи кои знаат што значи да се биде маж на денешницата. Тоа се мажи кои ги остваруваат своите соништа со тоа што остануваат верни на себе. Секогаш и во секоја прилика и покрај сè.

Посветена на фудбалот, новата двогодишна кампања на Boss Parfums ги истражува начините како секој играч ги пренесува вредностите од теренот во реалниот свет. Инспирирани од нивниот интегритет, страст и посветеност, навивачите ќе почувствувате потреба  самите да стремат кон подобро, за да бидат најдобри што можат, обединети заедно.

- Реклама -

Draxlera, Coutinha, Kanea и Morate! Фудбалски ѕвезди!

Преку приказните на Draxlera, Coutinha, Kanea и Morate, навивачите ќе откријат дека нивните ставови и вредности се составен дел од нивниот успех. Пожртвувано и решително, тие поминаа долг пат од уличните детски игри до фудбалските стадиони каде денес играат за милиони фанови ширум светот. Без оглед на тимот со кој играат, нивната почит кон соиграчите го прави фудбалот незаменлив спорт. Потсетувајќи на оваа важност, кампањата се фокусира на нивните вредности и како тие ги применуваат во секојдневниот живот. Успехот на спортскиот терен ги прави икони, но и нивното однесување надвор од теренот ги прави модел за секој маж.

Рекламниот спот е приказна за успехот!

Рекламниот спот е снимен од режисерот Terence Neale, а фотографијата е на Vincenta Floureta. Двајцата раскажуваат инспиративна приказна за успехот, тимската работа и посветеност, клучни состојки за победа во фудбалската игра.

За мажи кои се движат низ животот водени од страст! Boss Bottled United

Во чест на новата кампања, Boss Parfums го претстави Boss Bottled United, новиот мирис со лимитирано издание. Наменет е за мажи кои се движат низ животот водени од страст, посветеност и интегритет. Мирисот е комбинација на острина на пространства, со урбана топлина, заедно со незапирливото чувство на свежина што ги носат оригиналните Boss Bottled состојки.

Динамичен, енергичен, свеж и карактерен!

Составот на мирисот е динамичен, енергичен, полн со контраст, многу свеж и карактерен. Почетните мирисни ноти придонесуваат за динамична цитрусна експлозија на црвениот портокал, во комбинација со јужноафриканскиот buchu. Комбинацијата на два вида на нане и ирис дава ведрина на срцето на мирисот, а ветиверот, пачулито и топлиот cashmeran носат здив на топлата дрвенеста елеганција.

Сребрено шише потсетник на трофеите!

Boss Bottled United доаѓа во сребрено шише и изгледа како физички потсетник на заслужените трофеи што играчите ги добиваат за врвната игра.

- Реклама -