- Реклама -

Just Cavalli од Roberto Cavalli е лансиран како втор мирис направен во сорабoтка со Coy. Креиран од парфемските носеви од парфемската куќа Firmenich – Nathalie Lorson и Fabrice Pellegrin, Just Cavalli Woman е претставен како кремасто-флорален и екстремно секси.

Секси срцевина!

Горните ноти на Just Cavalli нудат блескави капки од нероли, кои ја најавуваат секси срцевината составена од тиаре цветовите од Тахити, со топли, мазни и кремасти акорди на роза дрвото во основата.

Змиски мотив во розова боја, Just Cavalli!

Roberto Cavalli Just Cavalli женскиот мирис е достапен во розово стаклено шишенце, покриено со златен метал, додека мирисната течност може да се види низ Just Cavalli логото и низ долната половина на шишенцето, изработено од транспарентно стакло. Капачето со цилиндрична форма го краси змиски мотив во розова боја. Надворешното пакување исто така содржи розов мотив на змиска кожа, истакнат со златни детали.

Georgia May Jagger, заштитно лице на Just Cavalli!

Заштитното лице на рекламната кампања е Georgia May Jagger, ќерка на Mick Jagger и Jerry Hall.

- Реклама -

 

- Реклама -