Доколку сакате за многу кратко време да ги израмните површинските линии и брчки, а кожата на лицето да биде убава и со природен сјај, Eucerin®Hyaluron-Filler ноќниот пилинг и серум е вистинскиот избор.
Подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство!
Иновативен производ кој од една страна овозможува траен пилинг ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките. Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност. Деликатните состојки видно ја подобруваат текстурата на кожата и во текот на ноќта делуваат и на најдлабоките брчки.
Како се користи?
Ноќниот пилинг и серум наменет е за сите типови на кожа и можете да го користите секојдневно. Се препорачува да го нанесете со нежни масажни движења на добро исчистена кожа. За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега кој го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем.
Каде можете да го набавите?
Eucerin®Hyaluron-Filler ноќниот пилинг и серум заедно со останатите производи од иновативната колекција Hyaluron-Filler можете да ги пронајдете во вашата најблиска аптека.