- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ноќ на вештерките или популарно Haloween традиционално се слави во САД, Австралија, Канада и Нов Зеланд, но станува се повеќе популарен во нашата земја. Одлична можност да се маскирате во вампири и вештерки со помош на шминка. Покрај мирни раце и трпение потребна е малку фантазија. Типични бои за ноќта на вештерките се портокалова и црна боја, првата поврзана со бојата на тиква, а другата со страв, но кога станува збор за шминка за таа ноќ, граници нема.

Многу девојки сакаат да го задржат својот сексипил и привлечност, па затоа една од најпопуларните маски е т.н. Половина череп.

Половина череп мејкап изглед!

Овој мејкап изглед се карактеризира со стил на маскирање каде што на една половина од лицето насликан е череп, додека другата страна на лицето нагласена е со елегантна шминка каде доминира црвениот кармин и smokey на очите со нагласен црн молив за очи.

- Реклама -

Поп-арт девојка мејкап изглед!

За ноќта на вештерките можете да се маскирате во поп-арт девојка. Ефектот на девојка која плаче може да се постигне многу лесно. Затоа ова е еден од најлесните начини за постигнување на ефектот со шминка. Карактеристични се црвените точки на лицето што претставуваат сипаници.

Зомби девојка мејкап изглед!

Комбинација на сексипил и страв се постигнува со мејкап изгледот на зомби девојка. Шминката зачинете ја со малку крв која капе по лицето, но темно црвениот кармин е неизбежен заедно со мачкестиот изглед.

Со помош на шминка покажете ја вашата страшна страна!