- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Boss The Scent мирисната линија на брендот Hugo Boss беше лансирана во 2015 година со истоименото машко издание, а во 2016 година беше промовиран женскиот мирис Boss The Scent For Her. Од година во година, брендот лансира нови мирисни изданија на крила инспирирани од оригиналните изданија. Најновото дуо нуди Absolute верзии акцентирани со гурмански вкусови.

Boss The Scent Absolute

Машкото издание на Boss The Scent Absolute Eau de Parfum ни сервира ориентален состав кој се отвора со динамичен ѓумбир, истакнувајќи го зависното овошје maninka во комбинација со коренот mondia, поставени на елегантна база на ветивер. Мирисната композиција на новото машко издание ја потпишува парфимерот Бруно Јовановиќ.

Новиот машки мирис Boss The Scent Absolute е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -

 

Boss The Scent Absolute For Her

Женскиот мирис Boss The Scent Absolute For Her Eau de Parfum поклонува медено отворање и арома на сочна праска, мешавина која се бленда со интензивна нота на кафе во срцето на композицијата. Во основата доминираат топли и меки ноти на ванила и ветивер. Новото женско издание го потпиша парфимерката Louise Turner.

Новото женско издание Boss The Scent Absolute For Her е достапно во шишенца од 30 и 50 мл како Eau de Parfum.