- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Leonard Lauder со визија за создавање прв бренд за нега базиран исклучиво на природни состојки!

Приказната на Origins започнува во 1988 година со визија на Leonard Lauder за создавање прв бренд за нега на кожа базиран исклучиво на природни состојки кои со помош на напредната технологија и науката, ќе овозможат безбедни и високо ефикасни производи.

На почетокот, постоел само Project 250, а вистинскиот назив на брендот е креиран во 1990 година. Самото име „Origins“ кажува многу за брендот, односно за „потеклото“ и „создавањето“ на планетата Земја, за поврзaноста на природата и човекот, за древното и модерното. Брендот Origins се зајакнува благодарение на науката. Првото продажно место на Origins е отворено во 1990 година во Harrods, во Лондон.

- Реклама -

Origins ве советува – никогаш не престанувајте да истражувате!

Origins постигнува рамнотежа и ја прикажува двојната страна на природата, рамнотежата на се што постои. (јинг и јанг)

Слоганот на брендот е  – „Origins е бренд за нега на кожа посветен на општото добро, на нашето и на планетата Земја, a предноста е тоа што сакаме да покажеме на сите се што работиме – од формула, до пакување и создавање на растенијата“.

Origins од првиот ден е во постојана потрага по нови состојки и инспирација која ја црпи од природата. Нуди богата текстура збогатена со мириси на чиста природа кои ги создаваат есенцијалните масла за холистичко искуство во корист на духот, умот и телото.

Производите не содржат парабен, фтлати, минерални масла, пропиленгликол, вазелин, парафин, DEA и состојки од животинско потекло. Пакувањата се минималистички, пријателски настроени кон околината (направени се од биоразградлива хартија).

Соработката на брендот е исклучиво само со производители на состојки и фабрики кои гарантираат и поседуваат сертификат за минимално емитување на јаглерод диоксид во атмосферата и каде што производството се врши со помош на природни извори на ветер, вода и сонце. Во согласност со природата, Origins зема од неа, но исто така и активно ја обновува на тој начин што досега има засадено околу 600.000 дрвја и млади стебла ширум светот.

9 клучни линии на производи!

Оrigins се состои од 9 клучни линии на производи кои се вклопуваат во класичната нега на кожа, како што е дехидратацијата, сив и уморен тен, стареење, проширени пори, масна кожа и склоност кон акни, а има исклучително ефикасна линија на смирување на чувствителна кожа склона на црвенило.

Што не смеете да пропуштите!

Исто така, во овој прекрасен бренд можете да пронајдете производи кои не смеете да ги заобиколите, производи како што се „High-Potency Night-A-Mins™ Resurfacing Cream“ со АХА овошни киселини, пилинг за лице „Never A Dull Moment“ – збогатен со семки од манго, кајсија или нежно масло за чистење на лицето „Clean Energy“ кое содржи екстракт од маслинка и сончоглед со арома на есенцијални масла за будење на енергијата, портокал, грејпфрут и лимон.

Бестселер на брендот е линијата Ginzing и маската за лице која воедно е заштитен знак на брендот, „Clear Impoverment Active Charcoal“ која е наменета за длабинско чистење на кожата и во моментов е маска број 1 во Америка.

Каде можете да набавите Origins!

Производите на брендот Origins можете да ги набавите во дрогериите Космо Тинекс во ТЦ Зебра и во Скопје Сити Мол.

Промоција на Origins!

Промоцијата во Скопје ја водеше Глорија Мапилеле Тодоровиќ, ексклузивен едукатор за козметиката Origins.

Во галеријата проверете кој се беше присутен на промоцијата на брендот Origins!