Овој месец брендот Carolina Herrera го промовира Good Girl Eau de Parfum Legere, долго очекуваното ново издание на парфемот Good Girl, кој беше еден од најпродаваните женски парфеми за 2016 година.

Good Girl еден од најпродаваните женски парфеми!

Оригиналниот Good Girl беше замислен како мирис на двојност на женскиот карактер, во комбинација на тубероза, јасмин, какао и пржена тонка.

Посвежа верзија на оригиналот!

Good Girl Legere е посвежа верзија на оригиналот кој е ориентален, цветен и гурмански, за разлика од новата композиција на Good Girl Legere која содржи мирисни ноти на јасмин, кои се збогатени и дополнети со ylang-ylang есенцијалното масло. Интензитетот на туберозата е намален, а се губи и акордот на кафе. Базата на парфемот содржи ноти од тонка и сандалово дрво.

Good Girl Eau de Parfum Legere е достапен како 30 и 50мл.

- Реклама -