Палетите на сенки од брендот Max Factor носат заедничко име nude, бидејќи сите три палети на бои наменети се за создавање мејкап изглед со природни – неутрални бои, за дневен или за smokey-eye изглед. Меѓутоа, меѓу себе се разликуваат по нијансите од најсветли до најтемни, од мат до седефести, блескави и сјајни кои овозможуваат комбинирање, контурирање и постигнување на саканиот изглед на окото.

Нијанси

Боите изгледаат енергично, рамномерно и сите нијанси се нежни. Дури и најсветлите сенки се чини дека имаат одлична пигментација. Од осум нијанси, три се целосно мат, две се блескави, а три имаат сатенска завршница.

Примена

Max Factor палетите се микс од мат и сјајни нијанси. Темните нијанси може да ги користете за да додадете дефиниција и суптилно контурирање. Ќе добиете различни текстури и опсег на бои за комплетен мејкап изглед при шминањето и нудат можност за многу различни комбинации.

Текстура

Свиланксато мека текстура со бисерни пигменти и бои кои блескаат.

- Реклама -