- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Создаден да ја пронајде храбрата и авантуристичка страна на Chloé жената!

Модната куќа Chloé го лансира Nomade, нов мирис и нов столб на нивната колекција на парфеми. За разлика од мирисот Chloé Eau de Parfum од 2008 година, кој е создаден да ја претстави чистотата и природноста, новиот Chloé Nomade создаден е за да ја пронајде храбрата и авантуристичката страна на Chloé жената. Парфемот е создаден од инспирацијата за слобода, желбата за отворени простори и зајакнување на духот.

Помалку цветен и повеќе мистичен!

Создавачот на парфемот Chloé Nomade, парфимерот Quentin Bisch го создал Nomade како цветна chypre композиција, вклучувајќи ноти од Mirabelle сливи, фрезија и дабова мов. Целта беше да се направи помалку цветен и повеќе мистичен од Chloé досегашните изданија. Chloé го  претставува модерното толкување на класичните Chloé парфеми кои се  реинтерпретација на розата, додека новата мирисна композиција зрачи со мирисните акорди на chypre темата.

Обликот на шишето е инспириран од препознатливата женска ташна од моделот Drew. Лицето на рекламната кампања е актерка Ariane Labed.

Chloé Nomade ќе биде достапен како 30, 50 и 75мл Eau de Parfum.

- Реклама -