- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Луксузниот бренд Аcqua di Parma повеќе од 100 години е синоним за елеганција и убавина во изработката на луксузни парфеми создадени со најфини техники на рачна изработка. Секој дел од производите е направен во одделни избрани италијански работилници, каде што производните техники тајно се пренесувани од генерација до генерација. Секој примерок се изработува со исклучителна трпеливост, време и посветеност според духот на најстариот господар занаетчија, користејќи само најквалитетни материјали, ретки есенцијални масла, најчист восок, дрво и благородни метали.

Acqua di Parma стана дел од наследството и историјата на градот Парма. Препознатливата жолта Парма, чиј изглед вклучува аристократски куќи од барокната ера, стана икона на производите Acqua di Parma.

Мирисот Colonia се позиционира како мирис на векот и се здоби со меѓународен успех!

Со своите свежи и елегантни мешавини, остана непроменет во текот на еден век. Colonia беше позициониран во 30-тите години како “мирис” на векот и се здоби со меѓународен успех во педесеттите години. Холивудските актери, кои беа поканети во Италија од страна на големите мајстори на италијанското кино, го откриле во историски продавници каде што се правела облека по мерка. Традицијата што го поврзала EDP Colonia со салоните за кроење, го направи неопходен додаток во сечие секојдневие. Неговото Art Deco шишенце со препознатлив црн печат стана икона.

- Реклама -

Colonia Sandalo машки луксузен мирис, реинтерпретација на иконскиот Acqua di Parma Colonia парфем!

Свежата, цитрусна Colonia мирисна нота која е споена со кремаста сандаловина со што се создаде изненадувачки и интригантен мирис. Оригинална реинтерпретација на иконскиот Acqua di Parma парфем, сега заживеа во Colonia Sandalo како машки луксузен Eau de Cologne Concentrée.

Мирисот ја задржува целата традиција на Colonia, воведувајќи елемент на изненадување низ хармонични контрасти. Сончева ведрина на цитрусно овошје и рафинирано богатство на ова драгоцено дрво од Источна Азија, комбинирано да создаде софистициран и интензивен Eau de Cologne Concentrée.

Cologne Concentrée беспрекорен вовед во оригинална елеганција!

Се чувствуваат совршено избалансирани ноти на свежина, префинети ноти на бергамот, лимон, портокал и petit-grain кои го откриваат автентичниот дух на Colonie и се развиваат во цврста мирисна композиција на нота од кардамон и лаванда, пуштени во ароматично, елегантно срце.

Беспрекорен вовед во оригиналната елеганција на почетокот, каде совршената кремасто балсамична нота на индиска сандаловина ја засилуваат нотите на тонка грав и амбер.

Софистициран дизајн во Acqua di Parma стил.

Colonia Sandalo е спакуван во иконското Art Deco шишенце во боите кои ја следат целата колекција: темно кафено шишенце направено од најчистото стакло, со светло бронзени сатенски букви.

Секој детал, материјал и изработка, се дел од Италијанската култура која се гледа во секоја Acqua di Parma креација. Colonia Sandalo доаѓа во две големини, класична од 100 мл и поголема, спектакуларна амбалажа од 180 мл.

Парфемот Colonia Sandalo е спакуван во рачно изработени кутии од фина хартија. Бронзениот сатен кој ја збогатува внатрешноста на кутијата е поставен внимателно, минималистички и прецизно.

Карактеристики на Индиска сандаловина!

Есенцијалното масло од сандаловина кое се користи повеќе од 4000 години, а се добива од Сандаловино дрво кое отсекогаш расте во Индискиот подконтинент. Благодарение на извонредната можност на отпор од нападот од термитите, дрвото од сандаловина се смета за заштитено дрво во Индија, а постои верување дека мирисот на дрвото ги одбива злите сили.

Според Индиските мудреци, суштина на ова мистично и сензуално дрво е дека го смирува умот и допира до длабоките деловите на умот при медитација. Во ароматерапијата, мирисот на сандаловина се користи за смирување, да ја опушти тензијата и полесно да се најде душевниот мир.

Драгоцен материјал за изработка на предмети од дрво, затоа сандаловината се користела илјада години за изработка на музички инструменти, праќајќи мелодии низ ветерот заедно со мирис и балзамични ноти.

Есенцијалното масло од сандаловина стана екстремно вредна состојка на луксузните парфимерии благодарејќи на својата способност да му додаде на секој парфем непогрешлива балзамична, кремаста нота.