- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Италијанскиот niche бренд Acqua di Parma ја претстави колекцијата од 10 мирисни ноти. Пет мириси се реиздание на Ingredients колекцијата – Oud, Leather, Sándalo, Ambra и Quercia, додека останатите пет се комплетно нови мириси – Camelia, Osmanthus, Sakura, Vaniglia и Yuzu. Сите 10 мириси се дело на парфимерот Francois Demachy.

Во Signature of the Sun мирисната колекција, брендот Acqua di Parma филтрира одбрани состојки низ призмата на својата прва инспирација Colonia, додавајќи сончева светлост на секој нов производ. Тука, наместо група на ароми кои ја дефинираат целата колекција, секој парфем има една нота што го карактеризира и својствена е само за него.

Acqua di Parma Osmanthus

Претставува овошно-цветен мирис кој е комбинација на моќниот и скапоцен Osmanthus со блескави, живописни и цитрусни ноти. Тајниот цвет од Југоисточна Азија цвета само еден ден и благодарение на тоа дава богат и моќен мирис.

- Реклама -

Acqua di Parma Vaniglia

Цитрусно ориентален мирис кој се отвора со ноти на ванила компонирани со цитрусна свежина. Доминантната ванила е скапоцен вид кој расте на Мадагаскар, рачно се опрашува и потребни се 18 месеци за да ја даде полната арома.

Acqua di Parma Sakura

Богатството на цветот од сакура комбиниран со мирис на бергамот, розов бибер, самбак јасмин и присуство на мандарина и мошус, кои го доловуваат моментот на цветање на јапонските цреши.

Acqua di Parma Camelia

Специфичниот мирис на камелија ги задоволува живописните ноти на цитрус и софистициран мирис инспириран од ориентална ружа од Источна Азија, со присуство на мошус и бензоин.

Acqua di Parma Yuzu

Yuzu е најретко овошје во Јапонија, а сега е најновото „frutti d’oro“ на Acqua di Parma. Парфемот ја носи аромата на yuzu заедно со нотите на бергамот, лотус, мимоза, љубичица и јасмин. Дополнителни ноти се сечуански бибер, мошус и сандаловина.

Acqua di Parma Oud

Мирисот на Oud во комбинација со цитрусни ноти е неверојатно доживување. Оваа ретка суровина расте во Југоисточна Азија и е многу скапоцена.

Acqua di Parma Lеather

Топли и интензивни ноти на кожа кои потсетуваат на традицијата на рачна изработка на производи од кожа и додатоци. Елегантен мирис комбиниран со бразилски портокал, сицилијанска лимета, роза и петит греин.

Acqua di Parma Ambra

Амбергрис е исклучително ретка и скапоцена дрвена есенција која има карактеристичен остар мирис на океан и ветер. Се чувствуваат и нотите на бергамот, роза, пачули и сандалово дрво.

Acqua di Parma Quercia

Свежите ноти на даб евоцираат утринска прошетка по дабовите шуми. Одлично е комбиниран со бергамот, петит греин и гераниум.

Acqua di Parma Sandalo

Sandalo има богата нота на сандалово дрво кое може да се најде само во Индија, во регионот Мисоре. Сандаловото дрво е комбинирано со бергамот, кардамон и тонка грав.