Со хаштагот #OwnYourCrown и рекламната кампања во која се појавува Mariano di Vaio како заштитно лице, брендот Dolce & Gabbana го претстави машкиот мирис K by Dolce & Gabbana, славејќи нова ера на машкоста: вистина, лојалност и љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolce & Gabbana Beauty (@dgbeauty) on

Мирис кој инспирира и плени!

K by Dolce&Gabbana е олицетворение на харизматичен и дарежлив дух, мирис кој инспирира и плени, оставајќи зад себе мажествен заводлив траг. Во само еден момент буди сеќавање на нежни италијански предели и медитеранско сонце, кое ги прегрнува ридовите на Тоскана, предели кои зрачат со свежи земјени и дрвенести мирисни ноти.

Крешендо од цитрусни ноти, огнени ароматични тонови и софистицирани и сензуални дрвја!

Овој прекрасен мирис создава крешендо од цитрусни ноти, огнени ароматични тонови и софистицирани и сензуални дрвја. K by Dolce&Gabbana е резултат на соработка помеѓу две познати парфимерки – Daphné Bugey и Nathalie Lorson – секоја придонесувајќи за квалитетот на мирисот на свој уникатен начин. Мирисот се отвора со остри цитрусни ноти кои ги будат сетилата: енергична фузија на црвен портокал и пресуван сицилијански лимон. Нивната пенливост е испреплетена со свежа трага од смрека и топли и смирувачки акценти на морско оревче, здравец и лаванда. Во средина, зачинската нота на љута црвена пиперка – состојка која ретко се користи во креирањето на парфимите – носи доза на топлина, запалувајќи го срцето на мирисот и подобрувајќи ја неговата мажествена енергија. Мирисот се прелива околу базата компонирана од топли дрвенести ноти каде сензуалното дрво од кедар си поигрува со земјениот ветивер, а на крајот се топи во слатките акорди на пачули.

- Реклама -

Шишенце крунисано со капаче направено во форма на круна!

Елегантно и модерно стаклено шишенце исполнето со сина течност, крунисано со капаче направено во форма на круна – во комбинација на скапоцен камен во темно сина боја и делови на круната во боја на старо злато.

K by Dolce & Gabbana е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Toilete.

Рекламната кампања беше снимена во срцето на Италија, во Тоскана, со прекрасни пејзажи на лозја.

Шарм на современ крал!

Магнетен и непогрешливо мажествен, новиот мирис K by Dolce & Gabbana истовремено го рефлектира и го засилува вродениот шарм на современиот крал.