- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали парфемот на вашата кожа трае цел ден или интензитетот брзо се намалува?

Начинот на кој го нанесувате во голема мера влијае на ефикасноста на вашиот омилен парфем. Со неколку трикови, неговиот мирис ќе трае подолго и ќе остане подеднакво моќен.

Нанесувањето на парфем за многумина се чини дека е наједноставна работа на светот. Но, тоа не е така! Секој мирис е различен и поради него, но и поради вашата кожа, зависи како и колку долго омилениот парфем ќе мириса на вас.

- Реклама -

Сепак, неколку мали трикови се однесуваат на секој парфем, а со нив тој ќе го има истиот интензитет во текот на денот. Ако во вашата рутина за убавина овие трикови ги внесете уште денес, парфемот ќе трае подолго и ќе мириса попријатно на вашата кожа.

1# Не триете го парфемот по нанесувањето!

Откако ќе го нанесете парфемот на кожата, вратот, позади ушите или најчесто на рачниот зглоб, не триете го. Тоа е несреќна навика на повеќето од нас и обидете се да се ослободите од оваа навика што е можно поскоро. Со триење кожата се загрева и се создаваат нејзините природни мириси и ензими кои можат да го променат мирисот. Тоа е главната причина зошто мирисот едноставно треба да го нанесете и да го оставите на мира.

2# Нанесете го после капење!

Најдобро е парфемот да го нанесувате на чиста и хидрирана кожа, бидејќи така кожата ќе го задржи мирисот на себе многу подолго. Ако се туширате навечер пред легнување, тоа би можело да биде една од причините зошто вашиот парфем не се задржува на кожата подолго. Освен тоа, ако сакате мирисот да ви трае подолго го нанесувате на областите на кожата што нема да ги покриете со облека, така интензитетот на мирисот нема да се намали.

3# Не му го менувајте местото на парфемот!

Дали знаете дека со промена на температурата на која се чува парфемот може да се промени неговата хемиска структура? Кај парфемот кој е изложен на температурни разлики се случуваат хемиски реакции кои го скратуваат рокот на траење. На пример, бањата не е најдобро место за чување на парфем, бидејќи температурата најмногу и најчесто се менува. Би било идеално да го чувате на потемно место и на собна температура, а за тоа може да послужи оригиналната кутија во која треба да го чувате после нанесувањето.

4# Не купувајте големи пакувања!

Големите пакувања со парфеми може да бидат многу практични ако брзо го трошите парфемот, но во спротивно изберете помали пакувања. Во нив, парфемот ќе остане непроменет доволно долго пред да стигнете да го потрошите, бидејќи веќе после три месеци од отворањето, односно од првото прскање, парфемот може да го изгуби својот интензитет.