- Реклама -

Од модниот бренд DSQUARED2 доаѓа Wood – миризлив проект развиен околу карактеристиките на силен, цврст и отпорен елемент. Брендот DSQUARED2 во 2018 година ги престави двете изданија Wood for Him и Wood for Her, продолжувајќи ја темата од првите мириси на брендот преставени во 2008 година. На големо изненадување брендот DSQUARED2 претстави две нови изданија во мирисната колекција – наречени Green Wood и Red Wood, кои својата промоција низ парфимериите ќе ја имаат од месец ноември 2019 година.

Green Wood и Red Wood ги претставуваат современите DSQUARED2 маж и жена: сензуални, самоуверени и карактерни. Протагонистите на овие мириси живеат со страст, добри вибрации и аспирации за нешто ново, како што пренесуваат од DSQUARED2.

Green Wood Pour Homme

Green Wood Pour Homme е дрвенесто-ароматична композиција со ноти на цитрус, бибер, cipriol, килибар, мошус и дрвенести акорди. Новиот Green Wood е опишан како „мирис на слободниот дух, интензивен и разигран“.

- Реклама -

Green Wood Pour Homme е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

Red Wood Pour Femme

Red Wood Pour Femme е овошен и дрвенест мирис кој се карактеризира со ноти на розов бибер, овошјето lychee, роза и дрвенести акорди. Новиот Red Wood е опишан како „мирис на современиот дух, блескав и одважен“.

Red Wood Pour Femme е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -