Кога ќе пристигне постудениот дел од годината, вашиот несесер за шминка доживува пресврт: блескавите, летни кармини ги заменувате со пригушени, потемни тонови. Еден од омилените есенски и зимски трендови за шминка секако се болд усните: нагласени со темен кармин во боја на слива или вино. Сепак, многу жени не се одлучуваат за овие тонови со изговор дека „не им стојат добро“. Затоа, научете како да изберете темен кармин според вашиот тен.
Како да изберете идеален темен кармин?
Не плашете се од темни кармини – ако внимателно ја изберете вашата нијанса, тие навистина стојат убаво скоро на сите. Ги истакнуваат вашите усни, го привлекуваат целото внимание кон нив и делуваат моќно и шик!
Светол тен на кожа!
Не дозволувајте некој да ви каже дека не можете да носите темни усни! Клучот е да изберете боја што има длабоки тонови на брусница. Бери тоновите ќе дејствуваат како контраст на вашиот тен без да добиете груб изглед. Значи, држете се на бери тоновите и избегнувајте многу темни бордо нијанси со примеси на кафеава боја.
Средно темен и темен тен!
Длабоките бордо бои или нијанси на модар патлиџан се идеални за вас затоа што прекрасно изгледаат на вашата кожа. За многу драматичен ефект, обидете се со темно виолетов кармин и направете го остатокот од вашата шминка да биде неутрален покрај карминот. Ако имате топол подтон, изберете виолетова и бордо нијанса од истиот подтон.
Маслинест тен!
Кога барате темни кармини, одлучете се за оние што имаат подтон на слива или вино. Вашиот тен совршено се вклопува со чоколадно кафени нијанси, додека темната боја на слива е како создадена за вас! За тотален шик ефект, комбинирајте го темниот кармин со црн туш за очи и неуредна пунџа на косата!