- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секојдневната мејкап рутина најчесто се разликува кај повеќето жени, спротивно на популарното мислење дека употребата на мејкап производи често се поврзува со површински избор. Сепак мејкап изборот е лична одлука на секоја жена, исто како изборот на модниот стил, изборот на интереси или омилено хоби.

Вистински избор или кошмар!

Личниот пристап при изборот на мејкап производите е она што го прави некој производ вистински избор или кошмар. Меѓутоа, во светот на шминкањето, некои производи често се истакнуваат, со што се согласува големото мнозинство. Како еден од производите што се наоѓа буквално во секојдневниот мејкап ритуал е маскарата, производ кој сите го сакаме, но во исто време е бјути алатка која се истакнува со повеќе различни фаворити.

Monsieur Big го освои светот на шминката и Instagram!

Од луксузните модни брендови до широко распространетите мејкап колекции, брендовите за убавина постојано ја бараат таа совршена комбинација на издржлива формула и четка која ќе создаде wow ефект и ќе го освои светот. Токму тоа им успеа на Lancôme брендот за убавина, чија водоотпорна маскара Monsieur Big го освои светот на шминката и Instagram.

- Реклама -

Маскара која сите ја сакаат! Lancôme Monsieur Big

Изгледа дека потрагата по совршена маскара заврши! Во последните неколку недели љубителите на шминка на Instagram на големо зборуваат за Lancôme Monsieur Big маскарата која нуди се што може да се посака.

Издржлива водоотпорна формула која ќе остане беспрекорна цел ден, па дури и по пливањето во базен или море. Но, тоа што ја издвојува оваа маскара во морето на маскари што се нудат е ефектот на совршено одделени трепки со нагласена должина и волумен, но без грутки.  Lancôme Monsieur Big се претвори во нова омилена маскара што секој ја сака.

Еден од најдобро продаваните производи на култниот бренд Lancôme!

Иако многумина беа изненадени од ефектот што го создава, фановите на оригиналното издание на Monsieur Big маскарата не очекуваа ништо помалку. Исто како кај класичната формула, Monsieur Big маскарата со водоотпорна формула веднаш стана еден од најдобро продаваните производи на култниот бренд за убавина Lancôme, а од април до денес интересот на бјути публиката се зголеми повеќекратно, што ретко кој производ може да се пофали во светот на убавината.